Откога ја смени фризурата, Лила објави посебна фотографија со Филип, како другари да се (ФОТО)

0

Лила Стојановска неодамна во емисијата „Магазин“ на нејзината матична ТВ куќа „Сител“, зборуваше за својата кариера, за животот, и за згодите и незгодите на снимањата на „Сѐ или нешто“.

Лила зборуваше на тема дали ѝ пречат многуте озборувања на нејзина сметка, популарно наречени „тролања“. Таа рече дека не ѝ пречи кога ја нарекле „Господар на прстените“, туку напротив, дека тоа ѝ било симпатично.

– Кога си толку години јавна личност како јас, треба да се навикнеш на сите тие муабети.

Тие се повеќе саркастични, а јас обожавам саркастичен и интелигентен хумор, и кога на тој начин ме „тролаат“ ми се слатки, знаеш,“ откри Лила.

Потоа, за неа зборуваше нејзиниот пријател и ПР Спасе Јовановски, кој е сега ТВ презентер во „Сител“, и раскажа како почнало нивното пријателство.

-Лила сакаше да ме ист епа, буквално. Се запознавме пред 15 години, јас работев во тогашен естраден магазин, односно жолт печат, „Свет“.

И како најдобар таму, ѝ се јавив на неа, дознав некои информации за неа за некој дечко, била видена таму во некое диско.

Таа реагираше целата разу лавена: „Кој ти кажа?“ Потоа му се јави на мојот уредник, да ме те па сакаше во наводници. Потоа се запознавме, и еве оттогаш, цели 15 години сме заедно.

Лила кога е нервозна… Во принцип таа има голем праг на толеранција. А кога некој ќе ја изнервира, едноставно го трга од нејзиниот живот.

Кога е нервозна, само тргни се од неа на некои си 5 минути, а после може пак да се смееме“, рече пријателот за Лила.

Лила во неодамнешното издание на „Сѐ или нешто“ разговараше со натпреварувачот Слаѓан кој ја играше играта на квизот. Како и во секое издание на оваа емисија, таа си муабети со кандидатите пред да ги отворат кутиите.

Овој пат, таа зборуваше за работата на натпреварувачот, но и за тоа што работи тој хонорарно. Тој ѝ рече дека помага на мајстори кои лепат плочки, и тоа му е работа плус.

-Не треба да се срамиш од никаква работа“, рече натпреварувачот, а Лила на ова одговори: Таман работа, од никаква работа човек не треба да се срами.

Нека се засрамат тие што лежат и чекаат 100 денари од родителите“, кажа Лила, а потоа го повика банкарот да му даде понуда на Слаѓан.

Лила за првпат отворено и непосредно зборуваше за својата најголема животна битка во новиот број на списанието за жени „Убавина и здравје“, за нејзината битка со кан-церот.

– Се чувствувам одлично, победнички! Последниот пет-скен покажа дека ка-нц-ерот се повлекол и дека сум здрава! Имам измешани чувства.

На моменти се смеам гласно, па ќе ми надојдат солзи… Повеќе од една година бев во постојана неизвесност и сонував за овој момент кога докторите ќе ми кажат: „Лила, во оваа битка ти си победникот!“ За среќа, го дочекав тоа.

Првата помисла ми беше: дали е ова мојот крај? Уште колку имам? Потоа се сетив колку многу жени има што ги познавам и кои излегле како победници.

Ми поминуваа разни мисли, но, за среќа, тоа траеше кратко. Само зедов здив и ја прашав мојата пријателка, доктор Вики: Што прво треба да се направи? Од каде да почнам?

Се фокусирав на патот што ме очекуваше и се трудев да размислувам позитивно. Среќна сум што имам неколку добри, вистински пријатели кои ми се како семејство, кои беа покрај мене и ми го олеснија патот. Бескрајно сум им благодарна!“, изјавила Лила.

По ова, се огласи нејзиниот пријател Спасе Јовановски од Сител, кој бил покрај неа цело време во најтешките мигови.

Спасе објави слика со својата пријателка и колешка, и на неговиот Фејсбук профил искрено ги сподели своите мисли:

– И додека го читам интервјуто, и се трудам да не заплачам… Се присетувам како се почна, и како се (фала му на бога) ОДЛИЧНО заврши!

Ќе ви посакам и на вас, да имате вакво ВЕРНО пријателство, пријателство во коа ќе бидете СЕКОГАШ тука, и во добро и во зл о!

За моја Лики, ќе кажам дека е една ЛАВИЦА која овааа вест ја прими шо-к-антно, но не дозволи да ја покори, и ниту во еден миг, не се предаде!

Никој не знаеше низ каква ГОЛ ГОТА помина, но ја помина со крената глава и насмевка!

А сега, сѐ што ни останува е да го славиме животот! Живели!“, стои во објавата на Спасе.

Лила откога проговори за својата најтешка битка, направи и фотосесија со новата фризура која очигледно на сите нејзини фанови многу им се допадна, дури многу повеќе и од долгата коса која претходно ја носеше водителката.

Лила објави слика со својот син Филип, а во коментарите многумина ја споредија Лила со Шерон Стоун, која има слична фризура како Лила. Во описот Лила за својот син напиша: „Љубов, навика, паника.“ Она што е интересно е што Лила изгледа како да му е другарка на Филип, а не мајка, поради својот младешки изглед.

Претходна статијаДушко на Карлеуша објави посебна фотографија, воодушеви многу дами со неговиот изглед (ФОТО)
Следна статијаЗгодна мама: Сара Мејс објави слика како изгледа во новите фармерки: Мидер напред, пуш ап позади (ФОТО)