Искра Канзурова со нов имиџ на ТВ, а еве што кажа за бракот со Игоp Џамбазов

0

Искра Канузорова е една од нашите најпознати Тв водителки, и е позната по својот позитивен дух- како една весела и зборлеста личност.

Изминативе години, таа им се врати на ТВ екраните, тоест на Тв Алфа каде што често ја гледаме и има интересни соговорници и теми.

-Сакам до мене да имам луѓе кои ќе ми ја кажуваат вистината, не сакам некој што само ми клима со глава, што трепка и што постојано се одобрува.

Поаѓајќи од себе мислев дека и другите се такви, но испадна дека не е така, Сепак си ги имам вистинските пријатели, а јас на овие години не можам да се менувам веќе, и не размислувам веќе на таа тема.

Таква сум, каква што сум, ќе забегаш ако се обидуваш да те сакаат сите – има кажано Искра во една интервју за својот карактер.

„На ТВ ми е вистинска релаксација, во убаво друштво, со убави луѓе и одлична екипа. Нова енергија и нова свежа провејува во „Алфа“. Се работи турбо. Мило ми е што имаше ребрендирање и многу нови проекти“, вели Искра.

„Дома ми е весело. Единствен проблем сега ми е што децата ми се во различна смена. И потребна е организација да не заборавиме некое дете надвор, хахаха.

Навечер се пребројуваме, и ако се сите на број, можеме во кревет, хахаха“, додаде Канзурова во Женски магазин.

Инаку, Сузана Турунџиева гостуваше во утринската програма на Алфа Тв, „Добро утро, секое утро“, која ја води токму Искра Канзурова минатата година.

Причината е тоа што Сузана тогаш најавуи дека ќе ја води Утринската програма заедно со Искра, тоест ќе се менуваат, а тоа денес одлично функционира.

-Јас сум ранобудник. Станувам многу рано и чекам некој од семејството да се разбуди за да можам да почнам да мрдам.

Сакам денот да ми почне со песна, со мотивациски мисли. Така што нема да ми биде проблем да стана рано за на утринска.

Искра е сега активна речиси секое утро на Тв Алфа во Утринската програма, и она што може да се забележи е нејзиниот имиџ кој е сега поинаков.

Искра порано беше со потемна коса, па потоа беше блондинка, а сега е пак со стариот имиџ и изгледа слично како порано, кога уште беше во брак со Игор Џамбазов. Искра ова го има изјавено за нејзиниот поранешен сопруг:

– Нормално дека тој беше дел од мојот живот и ќе остане дел од него, јас не бегам од тоа. Нашиот развод не беше некултурен и нецивилизиран, едноставно беше нешто што на двајцата ни стана јасно дека ќе се случи.

После нашиот развод, ако за нешто сум му благодарна, е тоа што немам лоши зборови чуено од него за мене, но ни тој од мене за него.

Сепак бевме доста позната двојка и обично познатите двојки успеваат да подлегнат на озборувањата на публиката. Сигурна сум дека него му ја полнеле главата со мене, на мене ми ја полнеа главата со лоши работи за него.

Но ние си останавме коректни еден кон друг. И никогаш во јавност не сме изнеле нешто за другиот што тој не би сакал да се знае.

Игор се си кажува сам во своите книги, во своите интервјуа,

јас никогаш немам ниту дополнето ниту негирано нешто од тоа, за тоа сум му многу благодарна“, кажала Искра во интервју за магазинот „Свет“, а ова го пренесе „Република“.

Претходна статијаИма бурно минато и pазвод зад неа- Манекенката Александра Накова насмеана на шопинг наш познат новинар (ФОТО)
Следна статијаМаја Оџаклиевска го покажа селото каде што живее- Пресушив, и можам само да читам.. (ФОТО)