К-15 беше многу популарно македонско хумористично телевизиско шоу кое започна во средината на 1990-тите години и претежно е во формат на епизоди составени од кратки хумористично-сатирични скечови на македонски јазик.
Оргиналната постава на К-15, ја сочинуваат Васко Тодоров, Љупчо „Бубо“ Каров и Бранко Огњановски, но често се појавуваа и други ликови, особено во годините по првата. Тројцата основачи се исто така и дел од сценаристите и режисерите.
Васко Тодоров или познат како Тошо Малерот, минатата есен беше гостин во емисијата „Еден на Еден“ со Жаре, каде што говореше на повеќе теми.
-К-15 го направивме затоа што сакавме да го направиме. Тоа е наш начин на хумор, на израз, на сатира на сето тоа што го пласиравме. Прво се чудеа луѓето кога се појави, првата сезона беа збунети, со перики вакви онакви, не беше видено такво нешто.
Имаше многу поделени мислења, 90 проценти не нѐ сакаа, а 10 посто нѐ сакаа по првите епизоди, ова сериозно го велам“, вели Васко и додава:
-К-15 постоеше толку години зошто луѓето одлучија така да биде. Драго ми е што и нови генерации растат со тие скечеви, тоа ми е големо признане.
„Полесна работа од скеч нема, нешто најпросто, само да ти текне, некој да ти направи сценарио, да го изрежира, да го измонтира, да има поента, да има штос почеток, и на крај да најдеш телевизија каде ќе се прикажува.
Васко Тодоров или познат како Тошо Малерот од К-15 се појави во емисијата Утринска на Телма и со новинарот Горан Петрески зборуваше за многу нешта, а на почетокот на разговорот секако се навратија на познатите К-15.
– Ние тројца тоа што сме го правеле, тие скечеви што сме ги правеле кога ќе ги погледнеш од некој друг агол, не се баш смешни, меѓутоа, тоа е концептот на сатирата, ние сме сатира главно. Нема тажно време. Сите времиња се смешни и тажни“, рече Васко.
Потоа, новинарот го праша како би направил ретроспектива на времето пред 30 години и сега, тој рече: Сѐ е исто.
Се врти тркалото“, рече Тодоров, а Петрески потоа го потсети на една изјава на К-15 дека шоуто е вишок, бидејќи политичарите им ја земале работатата, во смисол дека е тешко да се направи пародија за она што ни се случува во јавноста.
-Да, ние многу пати сме го кажале тоа. Тоа е баш мала шала, меѓутоа и не е шала. На некои работи е тешко да им се направи пародија.
Пародија да направиш треба да го направиш поглупо од оргигиналот да изглед.а Сме имале пробламе, не сме знаеле како да го направиме пог лупо.
Конкуренција има највише. Затоа и престанавме. Нѐ фати креативна љубомора, љубомора нѐ фати, најискрено“, рече Васко и потоа рече дека и сега постојано му доаѓаат идеи за нов скеч затоа што тој уште пишува.
Васко гостуваше во подкастот на Стефан Лазаров каде што откри многу работи за себе, а проговори и како се создало К-15.
-Тоа искочи спонтано, ние се најдовме, тоа ни лежело. Тоа беше мој смисол за хумор, мој начин на интерпретирање на работите. Значи, таа сатира, тој хумор што сме го правеле, тоа не е паднато од Марс.
Ние сме го правеле тоа и во друштво и сегде и некако се уклопи целата приказна и почнавме тоа да го правиме.К15 почна како експериментален проект уствари. Хумор е многу сериозна работа.
Ние тројца го направивме К15 најбољи. Ние ги пишувавме сите монолози, сега кој колку имал, не сме броеле и нема потреба.
Сѐ што има изговорено Тошо, сѐ е тоа мое, рече Васко, а Стефан му рече дека неговата омилена изрека од Тошо е: „Батка не ме викај глуп, она ме викаше глуп.“
Тие монолози јас ги имам и во книгата. Не сум ги користел во приватен живот. Тие се пародија на тие што не знаат да се пуштаат. Замисли сега јас со скечеви да се пуштам, К15 си е пародија на многу работи. Знаеш која е поентата на Тошо?
Биди тоа што си, не изигравај. Тоа е Тошо. Тошо има повеќе димензии, една од тие е, нели Тошо многу сака да биде, знаеш јас кој сум, а кога ќе видиш гола вода, уствари, нема врска.
Тошо е највечи мангуп и нема женска што не ми се свиѓа кога ќе се дотерам.
-Па, моментално, работам, правам некои реклами. Сега баш правев некоја реклама, радио и видео за на интернет. Имам некој филм во најава, со една екипа добра, се споивме, имаме филм, април, мај ќе се снима и има добра тема.
Филмот е со транвес тити, а јас ќе играм, уствари нема што да играм, јас сум џандар пред пензија. И уствари нема што да играм јас таму, таа е пишувана за мене, таа улога. Градски, многу интересен, многу људска прича. Сега ќе се снима, може ќе излезе догодина ова време.
Многу е људска причата, без разлика што има, како има, рече Васко, а Лазаров го праша дали го финансираат здруженијата.
-Тие здруженија не, не знам дали финансираат. Јас сум ангажиран во тој филм само. Во пишувањето учествувам, во сценариото.