Еве како сега изгледа Гордана Деан, сопругата на Кили и што прави во Еквадор

0

Гордана Деан Поп-Христова, сопругата на актерот Кирил Поп- Христов Кили долги години живее во Еквадор, каде што заминаа уште во 2014 година заедно со Кили и со ќерката Јоана.

Во 2019 година, ќерката на актерот Кирил Поп Христов и кореографката и професорка по свовремен танц, Годрана Деан Поп Христова, Јоана, се омажи на Еквадор – земјата каде заедно се преселија пред неколку години.

Веста на социјалните мрежи ја објави среќната мајка Гордана, споделувајќи дека Јоана наскоро ќе стане мајка.

„Се омажи нашето бебе и ќе има бебе“, напиша Гордана. Јоана се омажи со Родриген Сориа Хозе Луис со кого беше во врска подолго време. Кили со семејство одамна се преселија во Еквадор.

Веста дека нивната наследничка се омажи со момче од Еквадор, брзо се рашири во македонските медиуми и го привлече вниманието на јавноста.

Јоана роди машко дете, кое на желба на родителите се вика Аниш Круз Родригез Деан. Последното презиме е од мајката на Јоана, сопругата на Кили, Гордана Деан Поп-Христова, основач на балетското студио „Ребис“.

На 30 април во 2020 година, се породи актерката Нина Деан, ќерка на Гордана Деан Поп-Христова од првиот брак, сопругата на познатиот актер Кирил Поп-Христов Кили.

Нина го роди Каи, а за убавата вест на Фејсбук прва се пофали среќната баба Гордана, која со Кили живее на Еквадор.

-Се роди Каи. Баба од далеку ги бацува и гушка Нина, Мартин и Каи“, напиша Гордана, која поради пандемијата се уште го нема видено својот помал внук.

-Пресреќна сум. Никогаш не било вака и сигурна сум дека Мартин се појави за да го исцртаме и затвориме кругот. Не се двоиме, се смеееме, се сакаме, едноставно знаеме дека сме еден за друг и тука нема некоја филозофија.

Среќата не’ одбра нас, а и ние неа. Бебето само е потврда дека нештата се таму каде што им е местото – изјави Нина Деан претходно.

Нина во една прилика во Женски магазин раскажа што значи името Каи: „Каи значи повеќе нешта на повеќе јазици. На хавајски значи океан, на кинески има повеќе значења, а најмногу означува победа, на турски значи силен. Универзално име е, во некои земји е и женско.

Инаку таа веќе години се нема видено со мајка и.

Планот бил Гордана да дојде овде и да и помага околу грижата за бебето, но вирусот им ги расипал плановите. Нина Деан доби понуда за брак во кар антин, и кажа „да“ во осмиот месец од бременоста.

-Со мајка ми бевме многу блиски и многу ми недостасува, а најтешко ми е затоа што не беше тука во најголемите моменти од мојот живот, ама се надевам дека наскоро ќе можеме да се видиме.

Откако заминаа на Еквадор таа и сестра ми воопшто се немаат вратено во Скопје. Се наоѓаат буквално на крајот од светот и патувањето не е толку едноставно.

Кога јас одев таму првиот пат патував три дена, со преспивање во Милано и на аеродроми, а следниот пат веќе најдов подобра конекција па стигнав за 24 часа.

Селцето каде што живеат е преубаво, а хостелот што го држат е покрај океан. Нема загадувачи, нема многу сообраќај, нема многу луѓе, тоа е повеќе семејно место за одмор, и едноставно нема од што да се разболи човек.

Мајка ми, иако првичниот план беше да живеат од приходите на хостелот што го отворија и да уживаат, издржа да не го работи тоа што го сака само една година и потоа почна да работи како балетски инструктор во едно одлично балетско училиште во Куенка, тоа е голем град и таму е град на културата“, изјави Нина претходно за мајка си.

Пред да се породи, мајка ѝ купила билет за Скопје и требала да дојде за да биде со неа, ама почнала короната, картата ѝ пропадна и пропаднало и видувањето. Кили одамна не е активен на социјалните мрежи, а јавноста зане малку за него.

Гордана Деан не е активна на Фејс, но на Инста објави една слика од Еквадор, на која се гледа тамошната убава природа и море, но и локалното население кое живее од продавањето риба. Деан има кажано дека се здружила со мештаните таму и ги разбира нивните проблеми и начин на живот.

Гордана Деан, судејќи според малкуте слики кои ги објавила на својотИнста профил од неа, речиси и да не се менува, та изгледа одлично.

А, она што според сликите на Инста може да се види, Гордана е активвна во својата професија, а тоа е балетот, тоест балетската кореографија- она во што таа со години е многу успешна.

Претходна статијаЕве со што се занимава сега Васко Тодоров алијас Тошо Малерот: Јас сум џандар пред пензија (ВИДЕО)
Следна статијаОткако се разведе од Жика од „Никад није касно“, водителката Дајана ја раcкажa вистината за нив