Билјана Дебарлиева искрено кажа кога сопругот најмногу ѝ се нашол во животот- алал да му е на Јован

0

Билјана Дебарлиева по професија е правник. Но, правото го замени со телевизискиот екран. Почна случајно, а остана нејзин професионален избор.

Сака книги, патувања, па и да свири на клавир. Мајка на две прекрасни деца Ана и Мики. Вљубена во својот сопруг. Билјана во една прилика раскажува за себе во Женски Магазин, во едно претгодно интервју.

-Во мојата долгогодишна кариера поминав низ многу ТВ проекти, најразлични емисии, снимање прилози на терен, едукативни, контактни, музички, а секако и информативни, т.е. како презентер на вести.

И тоа секогаш било или наизменично или по неколку обврски во исто време во трите медиуми во кои сум работела досега.

Во секој случај, барем за мене лично, поголем предизвик се емисиите, затоа што во нив сама го осмислувам она што е финален производ. Само во тој случај можам да ја изразам мојата креативност, да внесам нешто што е мој личен белег.

Во презентерството, ако го работиш истото подолг период, барем за мене, станува сувопарно, затоа што го презентираш она што некој друг го смисли и го напишал“, изјавила Дебарлиева.

Минатата година, Билјана на Фејссподели една новина која многумина изненади. Имено, таа кажа дека по 11 години си оди од Канал 5 и дека тој ден за последен пат се појавила на оваа фреквенција.

-Денеска беше моето последно појавување на фрекфенцијата на Канал 5 ТВ, медиум кој ми ја даде довербата во изминативе 11 години.

Ви благодарам за досегашната соработка, а благодарност и до Вас драги колеги за сите убави зборови, насмевки, шеги и уживањето во утринскиот ритуал на пиење кафе.

До нешто следно… ќе ми фалите“, напиша таа во септември минатата година, а сега ја води емисијата “Фактор здравје“ на ТВ 24 и на оваа тема искоментирала во интервју за Слободен печат.

– Секој од нас во одреден период од животот чувствува потреба за некаква промена, но човек нема секогаш храброст да ја направи самоиницијативно.

Некако се навикнуваш на средината во која работиш, колегите, ангажманот, работните обврски. Во 11-те години поминати во ТВ Канал 5 ја водев емисијата за здравство „Визита“, а паралелно со тоа бев ангажирана како презентер на утринските вести.

Во периодот кога правевме пауза со „Визита“, добив понуда да ја водам емисијата „Фактор здравје“ на ТВ 24 и некако во тој момент кај мене преовлада желбата повторно да се вратам на контактна емисија што веќе долги години е присутна во етерот.

Одлуката не беше едноставна и нималку лесна, но тогаш размислуваш во насока дека шанси во животот немаме многу, па ставаш на кантар што добиваш, а што губиш доколку прифатиш или одбиеш нешто што ти е понудено.

Едноставно продолжив со проект што го работам со многу љубов и посветеност“, рекла Билјана, а потоа зборувала и засвојот приватен живот.

– Стр авот кај мене би рекла дека е неоправдан, но сепак присутен, веројатно зашто не знам што ме очекува. Мислам, размислувам, се плашам потајно дали ќе биде добро, безбедно, го можам ли јас тоа (а не можеш да знаеш додека не пробаш).

Сама никогаш не би се охрабрила да направам некои работи, но, за среќа, до мене секогаш е сопругот Јован, кој е доволно упорен и не попушта, зашто знае дека кога ќе заврши сѐ, мојот коментар ќе бид:

„Ќе беше жално да пропуштев вакво нешто, одиме во следна авантура““, рекла Билјана, а потоа кажала што најмногу сака кај својот сопруг.

– Тоа што е духовит, дружељубив, креативен, полн со идеи, авантурист. Знае да ме насмее и да ме расположи и во ситуации кога не ми е до смеење, поддршка ми е во секој момент, во секоја ситуација и во секоја моја одлука.

Заедно уживаме во животот, во убавата музика, во убавото црвено вино и двајцата имаме искрена, чиста и безрезервна љубов кон животните“, изјавила Дебарлиева.

Претходна статијаСања Барбика замина во Африка- еве каде ужива нашата згодна фолк пејачка и зошто слави
Следна статијаБаба Винка од Ниш вози „фичо“ на 80 години: Во младоста немала можност на селото, но покрај внукот, сега сѐ ѝ е дозволено (ВИДЕО)