Миа Костова одговори кој е таткото на нејзиниот син: Еден презгоден дечко од 2 метра, личи на Андрија

0

За инфлуенсерката Миа Костова сите добро знаат колку бил тежок нејзиниот трнлив пат за да стигне до тоа што е денес, особено што синот Андрија го изразнала сама.

Таа во една прилика зборуваше за нејзините почетоци, и како се справувала да постигне помеѓу домашните обврски околу синот, кога бил бебе, но и работата, за да заработи:

-Андрија имаше само 40 дена кога се вратив на неколку дена во диско неделно, почнав да работам во фризерски салон како координатор иако тоа никогаш не сум го правела ама некако се пронајдов, во меѓувреме дипломирав, работев и на телевизија.

И сето ова успевав да го вклопам со мало бебе кое немаше кој да го чува.

Од бебе е во градинка, седел со саати кај мене на работа, седел на снимања со температури, ама никогаш не сум се откажала ниту некогаш помислив да се вратам во семејниот дом. Решив дека ова е моја приказна и да, коцките се местат и ден денес.

-Не знам дали е до мојот став и до мојот начин на однесување и зборување јавно ама мене не ми се случило некој ниту да ме осуди ниту да има проблем со тоа. А немам ни јас.

Живеам многу подобар посреќен и помирен живот од жени во семејства кои седат во брак поради ова или она. Сметам дека малку е поинаку денес и дека поинаку се гледа на самохраните мајки за разлика од порано. Тие сѐ повеќе се херои одошто нешто лошо или немо рално.

– Нема полош начин за растење дете од оној во дисфункционално семејство. Несреќна мајка, отсутен татко, тоа најмногу ги афектира децата дури и кога родителите глумат пред нив. А предности има многу.

Сметам дека тоа што е исклучително разбрано дете, воспитано и самостојно, адаптибилно, мирно, никогаш нервозно е баш заради тоа што, јас сум негов најголем авторитет без никој никогаш да не ми се замеша во воспитување и да го „лигави“ кога плаче иако погрешил..

Ама јас сум и негова најголема утеха, семоќната мајка која се труди да му ја оствари секоја желба.

Дете кое до ден денес не знае што е висок тон или расправија дома. Знае сам да исчисти што растурил или да се пресоблече од неполни 4 години, знае да шепка кога спијам и да се качи на столче да ми донесе вода.

Треба само да сакаш, треба да си убеден во тоа дека можеш и да не пребираш додека да стигнеш онаму каде што сакаш. Важно е да имаш време за себе, да не му ја мислиш дали е во градинка предолго, или зошто преспива на друго место, зашто многу е важно прво мајката да е како што треба за сѐ да биде како што треба.

А што се однесува до кариеристките кои не сакаат деца, немам ништо против нив.

Сосема ги разбирам. И ги поддржувам. Не може секој ниту секој сака. Кој како смета дека треба – така нека прави“, изјавила Миа.

Mиа на својот Инстаграм профил ја овозможи опцијата нејзините фанови да ја прашуваат прашања поврзани за неа, а таа да одговара.

Едно од прашањата беше за прозборувањето на Андрија, а Миа рече дека имала многу лошо искуство.

„Ужасно искуство. Андрија прозборе скоро на 3 години. Колку и да беше смешно дека е Црногорец го мрзело и ништо не му фалело, како и секоја маіка не ми беше сеедно.

Додека девојчињата врзуваа реченици на година и пол, тој ммкаше за сѐ. Го носев на проценка за да се смирам и тогаш ми кажаа дека е идеално здраво и паметно дете на кое не му треба никаква помош и навистина си прозборе сам постепено на 3 години.

Не сум да паничите ама не сум ни да спите на тоа уво ‘а бе ајде кое не прозборело.’ Ако има некој проблем исклучително е важно да се почне на време.

Со тоа што зборуването не е единствен симптом на било какво доцнење во развој, ако детето е фокусирано, извршува наредби (дај ми ја играчката, оди кај тато и сл), ако знае да покаже кај му се очи, устам нос, да погоди животни и бои со прст, без да зборува, тогаш загриженоста може да е помала.

Но, мој совет е и да имате малку сомнеж да отидете на проценка. Грозно време доіде, а времето во вакви случаи е многу важно,“ одговори Миа до сите мајки со мали дечиња.

Потоа, Миа доби прашање, кој му е татко на Андрија, а таа кога ќе ја прашаат на оваа тема, одбегнува да зборува, но сепак денес на ова прашање реши да проговори и го напиша следново:

-Еден презгоден дечко од 2 метра што личи на Андрија. Ако сакаш мобилен да ти оставам ама мислам дека веќе не прави деца, три му се доста.

Претходна статијаМартија и Иван од Либеро гушнати испеаја љубовна песна, а во коментари ги прашаа дали се дечко и девојка (ВИДЕО)
Следна статијаКипро мој -се распарчивме човечки јас и мајка ти, но во бело и со песна те испраќаме