Игор Џамбазов доби искрен совет: Игоре, ти си легенда ама за жени не те бива и му кажаа што да направи (ФОТО)

0

Игор на Инста стори често споделува негови цитати или некои убави мисли, па така и во една прилика искрено кажа што е она што го фасцинира кај жените, а интересно е дека се прочита сега, откако Игор е пак сингл.

-Жени, мене ме импресионира вашата упоност. Она што ќе го намислите, не сте мирни додека не го остварите.

Иако, понекогаш знаете дека тоа е погрешно. Но, тоа ми се допаѓа. Тоа е филм, тоа е став!“, стои во цитатот на Игор.

– Од мајка ми научив како се сака. Ако сакаш, сакаш без поговор. Таа ме научи како да ги сакам најблиските, како да ја сакам својата професија, како да го сакам секој ден од животот.

Ова последново не ми успеваше баш секогаш. И само тука ја разочарав. Од татко ми научив дека креативното лудило е дозволено. Од него научив и дека најважна е чесноста. И се трудев да бидам чесен.

Мислам дека успеав, затоа што во животот бев нечесен само кон себе. А од дедо Петре научив дека ако не мислиш дека си центар на светот, не можеш да бидеш актер, хехехехе…

Од него научив дека „боемштината“ не значи да си пијан од утро до мрак. Дека тоа е начин на живот. Боемштината се љубовта, другарството, музиката и поезијата во едно“, изјавил Игор.

Игор Џамбазов гордо покажа едно свое семејно наследство, а тоа е една фотографија кој тој ја сочувал, поточно фотографија од насловна страница на стар магазин.

– Сите театарџии од династијата Прличкови-Џамбазови на насловната на “Нада” , некаде во 80-ите… Дедо Петре – актериште. Баба Нада – суфлериште.

Мама Анче – мајкиште. И синчето…“, напишал Игор до оваа слика која е многу вреден спомен за него и воопшто за сите оние кои го почитуваат ова познато уметничко семејство.

Игор во новото интервју за Слободен Печат открил дека тој повеќе не е со Илина Арсова нашата позната алпинистка која жиувее во Америка, имено тие раскинале по три години од почетокот на нивната врска, и ги открил причините за нивната разделба.

-Тоа е огромен проблем. Далечината. Единственото нешто што може да ја победи љубовта. За жал, Илина и јас не сме повеќе заедно.

Таа веќе одлучи дека сака таму да живее, доби одлична понуда за работа, онаа за која сонуваше во последните 10 години, и што е најважно од сѐ, сето ова таа ми го најави уште во првите денови на нашата љубов.

И конечно, кога кор оната и официјално не беше пречка за патувања, таа се спакува, во куферот што ѝ го подарив претходниот ден и замина. Исто како во „Бестрага“.

Сите приказни исти се, тажни ко оваа“. Сите големи љубови се тажни, но јас сум возрасен човек и научив да се справувам со сѐ. Ги молам сите оние што нѐ сакаа и ја подржуваа нашата љубов, да не бараат виновници.

Виновник за сето ова не постои. И понатаму сакам да продолжите да ја поддржувате Илина во нејзините акции, бидејќи таа е една посебна жена со која имав привилегија да бидам скоро три години, изјавил Игор.

Во новото интервју за Репортер.мк, Игор изјавил дека после Илина, повеќе нема време за разочарување и тагување, а деновите по разделбата тешко му одат, но сепак гледа да се занимава и да работи, за да не размислува на неа.

По ова интервју, кое Игор и самиот го сподели на неговиот Фејсбук профил, многумина го поддржаа и му посакаа многу среќа во понатамошниот живот. Сепак, еден од коментарите беше многу креативен, па му даде на Игор искрен совет што да направи:

-Игоре, ти си легенда ама за жени не те бива. Сите ти бегаат. Ќути, трај си и скриј се некаде да ти помине срамот. Земи си некое кученце да ти прави друштво. Тоа е најдобар другар.

Претходна статијаЗад камерите, Карлеуша ѝ дава значајни совети на ќерката Ника, откако ѝ кажале дека е дебела (ВИДЕО)
Следна статијаЈоце Панов го покажа својот луксузен дом- тој е доказ дека само од музика кај нас може да се живее