Се огласи Благоја Грујовски и за Репортер раскажа што точно се случило во Швајцарија

0

Македонската заедница во Швајцарија е бројна и тоа е една од најпосакуваните земји за живот и работа во Европа.

Тоа пред сѐ, се должи на фактот што Швајцарија има една од најразвиените економии, платите се високи, но високи се и трошоците за живот. Сепак, Македонците кои живеат таму, велат дека во Швајцарија е подобро да се живее и работи, во споредба со Германија, Италија и другите земји од ЕУ.

Македонските пејачи и групи, многу често одат во Швајцарија, каде по разни поводи ги забавуваат нашинците таму.

Долгонајавуваниот концерт во Швајцарија на 11 март, на кој настапија повеќе наши популарни фолк пејачи заврши неславно, со масовна тепачка во публиката.

Благоја Грујовски, Анета Арсовска, Кристијан Јованов, Дамјан Стојаноски и Дали Бенд беа музичките гости кои ги забавуваа нашинците во Швајцарија, пред да почне големиот неред.

Која била причината за оваа тепачка, за „Фокус” раскажа музичарот Кристијан Јованов.

-Ниту ние точно не знаеме зошто започна се. Неофицијално, додека некои од гостите беа качени на маса и играа, некој некому со нога му стапнал во тањир. Тоа е се што знаеме, никој од нас музичарите не доби ќотек – вели Јованов.

Појаснува дека инцидентот се случил околу полноќ, по што бил прекинат концертот.

„Немаше резон да продолжиме со музика. Луѓето беа вознемирени, деца исплашени плачеа“, дополнува тој.

Специјално организираниот настан за нашинците во Швајцарија бил по повод Денот на жената, а на истиот настапиле и Благоја Грујовски, Анета Арсовска, Дамјан Стојаноски и „Дали Бенд“.

По објавите за масовната тепачка на концерт во Швајцарија на познати македонски пејачи, фолк- пејачот Благоја Грујовски за Репортер открива што се случило.

Тој вели дека група луѓе го предизвикале инцидентот, по што морала да реагирала и полицијата. Tој бил на бина и пеел кога се случил инцидентот. Иако вели се почнало како што треба и тоа било убава забава, а салата била полна со гости.

„Тоа е надувано. Не знам зошто толку публицитет за една банална случка.

Беше преполна сала, убава забава, нешто по полноќ и наеднаш настана метеж во еден дел од салата.

Група луѓе предизвикаа инцидент, другите се разотидоа, дојде полиција и тоа е тоа. Кој како и зошто немам поим, ние бевме на бината во тој момент, далеку од местото“, изјави за Репортер, Грујовски.

На видеото кое беше објавено на социјалните мрежи, се гледа како гостите се туркаат и качуваат по маси и додека се удираат, жените и децата бегаат, обидувајќи се да се тргнат од гужвата.

Претходна статијаСања Барбика е многу блиска со овој наш познат музичар- еве што му дозволи (ФОТО)
Следна статијаГоран Алачки објави специјални слики со своите деца, Грациела и Благоја, не живеат во ист град но ги носи во срцето