Орце од „Арија“ има посебен повод за славење со жена му, животот во Холандија им се погоди (ФОТО)

0

Македонската група Арија едно време беше доста актуелна во домашната јавност, ама и главни за свадби, крштевки и секаков вид на џумбуши каде што се бараше добра забава и позитивна атмосфера..

Сите се сеќаваме на големите хитови „Минута или две” и „Само Господ е сведок” кои пред неколку години немаше кој, а барем еднаш во себе да не ги запее. Да, станува збор за познатата македонска група “Арија”.

Својата кариера, групата ја започна како дел од едно од шоуата на Драган Вучиќ. Арија настапуваа и на фестивалите, и на многу веселби.

Орце Димитровски беше еден од нивните членови, но тој пред неколку години се пресели во Холандија, каде што почна да се занимава со сосема друга работа.

Имено тој е ИТ инженер. Во интервју за магазинот Везилка, Орце и неговата сопруга Билјана која е вистинска убавица и е магистер по економски науки рекоа дека ја избрале Холандија како земја во која можат брзо да напредуваат.

Тие изјавија дека животот таму ги потсетува на поранешна Југославија, на убавото време кога луѓето оделе на излети, и повеќе се дружеле во природа. Уште од почетокот на нивниот брак тие биле поборници за заминување надвор од Македонија.

Орце изјави дека Холандија е земја во која има неограничени можности за луѓето од ИТ секторот, и за квалитетните кадри, успехот е загарантиран со сигурност. Рече дека му неодостасува музиката.

Но, тој додаде дека не му недостасува начинот на животот како музичар, затоа што му било тешко да го одреди балансот помеѓу приватниот и музичкиот живот, и му било напoрно да го издржи темпото на настапи ноќе, и редовна работа преку ден во ИТ секторот.

Билјана пак во Холандија има работено и во модната индустрија и во травел индустријата- туризмот.

Орце во Женски Магазин искрено зборуваше за својот „двоен“ живот додека бил член на групата Арија, навечер музичар, а преку ден компјутерски инжењер, а Биљана за нејзината возбудлива работа која ѝ помогнала да запознае светски ѕвезди како на пример Џиџи Хадид соработуваќи меѓудругите и за познати модни компании.

– Отсекогаш и двајцата бевме поборници за живот надвор од Македонија, а при тоа сакавме да останеме во Европа, на стариот континент.

Одлучувачкиот момент најверојатно се случи кога се роди нашата прва керќа, бевме веќе 3 години во брак, и сфативме дека преселбата е неминовно нешто доколку сакаме нашето дете (деца) да расте во средина во која ние посакувавме“, рекле Орце и неговата сопруга.

Сè повеќе ми фали дружбата со гитарата и музиката. Животот на “сцена“, убавите дружби, песната, снимањата , патувањата и сите убави (и помалку убави спомени) се неодвоив дел од мене.

После долго живеење двоен живот, дење Орце од „Касис“, „Мелон“, „Еконет“, „Стопанска Банка“ ,„3ХР“, (морам да ги поздравам, многу ми фалат) и ноќе Орце од „Арија“

(не ми фалат толку многу оти се гледаме и дружиме често), решивме заедно со Биљана да имаме повеќе време за нашата, тогаш единствена и мала Бјанка, сега 10 годишна татина маза заедно со, уште малку 4 годишната татина и мамина маза Каиа.

Решението беше тато да престане со двојниот живот и да спие кога сите спијат за да има сила и време. Изборот беше направен. Назад на прашањето, тешко, беше многу тешко“, рекол овој музичар.

Парот ретко објавува слики на својот Фејсбук профил кој им е заеднички, но кога тоа ќе го направат, го прават со посебен повод. По повод роденденот на малата Каиа, семејството прославило во игротека, а на сликите се гледа дека ова семејство е многу среќно, со нивните две ангелчиња.

Особено до израз доаѓа Билјана, сопругата на Орце која често го добива епитетот „авион“ поради нејзиниот атрактивен и младешки изглед.

„Среќата е со тебе, Каиа,“ напишал музичарот на фотографијата каде целото семејство е на едно место.

Претходна статијаГодините за неа застанале: Билјана Дебарлиева се пофали со новата фризура која многу жени ја посакуваат (ФОТО)
Следна статијаПеро Камиказа објави важни вести: Да се збогуваме со песна, како што ни доликува