Годините за неа застанале: Билјана Дебарлиева се пофали со новата фризура која многу жени ја посакуваат (ФОТО)

0

Билјана Дебарлиева отсекогаш го негувала македонскиот литератутен јазик, а на оваа тема, Билјана која до пред неколку месеци беше дел од екипата на Тв Канал 5, а сега е дел од Тв 24, има кажано:

-Се менуваат времињата, се менуваат генерациите, ама, за жал, морам да кажам, не на подобро, барем кога станува збор за негувањето на македонскиот литературен јазик, посебно од страна на јавните личности.

Ние, лицата од медиумите сме тие од кои младите генерации треба да го земат примерот за убаво и правилно говорење.

Треба многу да се работи, многу да се чита, да се практикува литературниот говор во секојдневието.

Имав среќа во четирите години од моето средно образование да имам професорка по македонски јазик која толку многу ми ја влеа љубовта кон македонскиот литературен јазик, што беше одлична основа за она што потоа беше моја професионална определба, а ја работам до денес.

Многу е важно прво да сакаш, а потоа и да го зборуваш и да го негуваш литературниот јазик, нешто што, за жал, помладите генерации сè помалку го практикуваат.

-Сите сме веќе свесни колку е важно да внимаваме на здравата исхрана, физичката активност, добриот сон, помалку стрес и најважното, доволно вода во текот на денот, зашто буквално е потребна за секое делче од организмот добро да функционира.

Јадам многу малку леб, ако има месо, тогаш во комбинација со салата, сакам благо, ама веќе поредуцирано. Секако дека има исклучоци поради убави поводи да прекршам некое правило, ама гледам тоа да не биде често.

Немам некои посебни ритуали, освен редовно и темелно отстранување на шминката од лицето по работниот ден, нанесување крема, најчесто само ноќна оти така бара моето лице и типот на кожата, редовни козметички третмани за чистење и хидратација на лицето.

Последниве години дополнително внесувам и додатоци на исхраната кои помагаат и придонесуваат за обнова на колагенот во кожата, за убав, негуван и здрав изглед.

Мојата тајна, всушност, е насмевката, а насмевката кај секого комплетно го разубавува ликот“, кажала Билјана во едно интервју за Бети.мк, а потоа во Рингераја зборувала за еден период од својот живот кога випк килограми.

– Со оглед на тоа дека бев прилично млада, имав 21 година, воопшто не се плашев од самото породување, бидејќи не се водев по ниту еден весник, списание, книга, ги оставив работите сами да си течат по некој нивен тек.

Единствен проблем беа килограмите кои ги качив за време на првата бременост, 20 кг, но за среќа брзо ги симнав потоа.

Имав лесно породување и со првата и со втората бремeност без некои потешкотии за 15- 20 минути“, кажала Дебарлиева.

За сопругот Јован, таа вели: „Се запознавме во Охрид. За време на летниот одмор, сосема случајно се запознавме. Јас на гости кај моите братучетки, а тој кај неговите другари охриѓани.

И така веројатно требало да биде. Од една сосема случајна средба, тоа прерасна во убава приказна која трае и денес“, раскажа Дебарлиева.

– Јован не смееше да ме држи за рака додека се шетавме, затоа што не сакав луѓето да зборуваат дека имам дечко. Потоа додаде: Децата пораснаа и се тргнаа од нас. Секој по својот пат. Со Јован останавме сами, сами одиме и на одмор…

Јован, сопругот на Билјана е голем авантурист и често со Билјана шетаат низ нашата земја во природа.

Билјана е една од најљубезните водителки, која народот ја обожава поради нејзината природност. Фактот дека таа си заминува од студиото, ги разочара и натажи некои нејзини постојани гледачи.

Билјана отсекогаш била поим за убавина на многу жени, а пред скоро време таа на својот Фејсбук објави фотографија само што излегла од фризерски салон.

Билјана ептен добро ја средила фризурата, која претставува нејзин печат, а тоа се шишките, и кратката должина на косата до раменици која Билјана ја негува долги години и ја прави да изгледа помлада.

Се гледа дека Билјана редовно ја негува својата коса која изгледа навистина многу здрава, природна и сјајна, каква што посакуваат многу жени.

Претходна статија„Супер сте како милион долари“, Благоја Грујовски се сликаше со неговата згодна колешка, не е ниту Ирена, ниту Алачки (ФОТО)
Следна статијаОрце од „Арија“ има посебен повод за славење со жена му, животот во Холандија им се погоди (ФОТО)