Игор Џамбазов откри во која актерка бил неутешно вљубен и колку не го сакал нејзиниот маж

0

Во Филхармонија минатата година се одржал концерт во чест на маестро Џамбазов насловен како, „Омаж на маестро Александар Џамбазов“, кој го организираше СОКОМ во рамките на Денови на македонска музика.

-Тој беше Џим Кери за тоа време. Овде не сме дојдени да го жалиме Џамбазов, туку да ја славиме неговата музика“, рекол Игор Џамбазов, а пренесе Женски магазин.

-Тој многу сакаше да прави расолница. Ми се чини дека цело Козле мирисаше кога ја преточуваше. Еден ден, заѕвони телефонот, се јави Славе Димитров за да ги проверат песните од „Златно славејче“.

Имаше 19 песнички на тој фестивал. Додека ги проверија сите, истече цела расолница од четврти спрат. Анче тогаш му рече дека тоа му е последно правење дома“, раскажал Игор Џамбазов.

– Дедо ми Петре, кога ќе се скараа со Џамбаз, знаеше да ми каже дека сум убав на него, а талентиран за музика на мајка ми“, рекол Игор за својот татко.

Џамбазов се присети на својот упкоен дедо на неговито Фејсбук профил на овој начин:

– На 13.03.1907 година во Велес е роден дедо ми Петре Прличко. Зад себе остави најмалку 250 театрски ролји, 55 драмски режии, 50 драмски режии во патувачките театри, 32 улоги во долгометражни филмови како и 17 режии во куклени театри.

Тој поч-ина на 16 ноември 1995 година во Скопје. Слава му“; напиша Игор на денот кога е роден легендарниот Прличко.

– Јас можеби сум мудар толку колку што е мудар мојот народ, затоа што јас црпам од него. Се дружам многу со обичните луѓе, а духот на еден народ се наоѓа во обичните луѓе.

Духот на народот не сме ние што се појавуваме по телевизии, дебатни емисии, или новинарите што пишуваат… Духот на народот е далеку од нас, нешто што ние не го ни есапиме за Македонија.

Некаде каде што мислиме дека нема ни луѓе што знаат да размислуваат. Ете од таму доаѓа духот и мудроста на народот.

Ако сум успеал да ја соберам нивната мудрост, а тоа го правам во последните 20 години, тогаш би можело да се каже дека се сметам за мудар човек.

За разлика од жените, на кои им е важно како изгледате и во лифт, гранапчето долу, па и на забар.. Ние бираме неколку поводи годишно за кои знаеме дека мора да изгледаме добро – на Нова година, роденден, на годишнина од брак, врска…

Тоа се десетина поводи и јас во последно време дури и на тие не водев сметка како изгледам, додека повторно во мојот живот не се појави Весна Петрушевска…“, рече во едно интервју за Фешнел Џамбазов.

Шест години поминаа од упокојувањето на легендарниот српски актер Драган Николиќ, а порталот Жена за Жена по тој повод објави еден статус на Игор Џамбазов, кој е напишан на 11 март во 2016 година.

Кога бев малечок, го м разев затоа што ја ожени тетка Милена во која јас бев неутешно вљубен.

Кога станав студент, го обожував начинот на кој играше во филмовите, и мечтаев да станам како него. Кога конечно го запознав, имав трема како на премиера…

Му свирев на гитара цела ноќ, а тој пет пати ми ја побара “Бездан“ од Балашевиќ. „Мали, дај ону моју још једном… Живот…“, открил Џамбазов.

Претходна статијаЕлена Велевска ужива во Италија, покрај море- нашата пејачка живот си живее (ФОТО)
Следна статијаЕлена Ристеска искрено откри кој ја вратил во живот- емотивна објава на познатата пејачка