Елена Велевска ужива во Италија, покрај море- нашата пејачка живот си живее (ФОТО)

0

За нашата позната фолк-пејачка Елена Велевска знаеме многу нешта- дека е позната и кај нас и во дијаспората и дека е мајка на три деца.

Во една прилика, таа се отвори за своето дедтсво, и во таа прилика, во интервју за estradaworld.blogspot.com, таа изјави:

– Како дете чекав што побрзо да пораснам.Прв ми подаде рака Игор (музичар од мојот роден град Прилеп)со него ја снимив песната “Сонувам”.

После тоа мојата прва касета ја снимав со Дејан Момироски музички продуцент и соработник со кој работам 20 години.

Последниве години имам свој ПР тим кој многу ми помага .Најголемата подршка во тоа време кога почнував,а имав 15 години беше и остана моето семејство.

Додека моите другарки изглегуваа и бркаа симпатии, јас без да знаат моите родители одев во ресторани кои работат со музика во живо и сакав да гледам како се работи, кои песни се пеат,запишував и ги учев песните кои беа актуелни.

Така музичарите го забележаа мојот интерес кон музиката и имав простор да испеам некоја песна. Упорноста и истрајноста ме донесоа овде каде што сум.

Многумина знаат да кажат дека јас сум таа која направила рев олуција во фолк музиката кај нас, јас сум прва која се потруди да реализира видео спот со приватна продукција кој во тоа време, 1997.

Чинеше 1500 марки,без ничија помош го реализирав и продолжив да снимам високо буџетни спотови до ден денес и така ќе биде и понатаму.

Со моето појавување како да ги потикнав моите колешки поинаку да размислуваат,да вложуваат во себе,со моето појавување ги поставив темелите на свежата кр в на фолк музиката во Македонија.

Јас не сум конф ликтна личност, ни во приватниот, ни во професионалниот живот. Го почитувам секој оној кој се труди да направи нешто.

Живееме во време каде што е многу тешко да издадеш песна,видеоспот,јас немам никаков проблем она кое е добро да го споделам на социјалните мрежи, со мојата публика, што не можам да кажам дека е така и кога моите колеги се во прашање.

Фокусирана сум на мојата кариера и на семејството, немам време за да бидам дел од нешто кое не сакам, каде што не ми е местото.

Мојата цел е преку песна да се зближиме,музиката нема граници,да си помогнеме со што ќе се прошири соработката на музичкиот пазар.

Ние како Балканци можеме многу,а со песна е многу полесно.Колку по пријателски однос со колегите толку успехот за сите е неминовен“; изјавила Велевска.

жЕлена Велевска на својот Инста профил објавила слики во Италија, како ужива покрај море. Нашата пејачка изгледа доста среќна на овие фотографии.

А како и не би- море, сонце, чист воздух се доволни за измамат насмевка на нејзиното лице. Елена навистина живот си живее, а тоа се гледа по нејзините објави.

Претходна статијаЛегендарниот режисер Коле Ангеловски, братот на упокоениот Дади слави роденден- еве колку години наполни, изгледа доста помлад (ФОТО)
Следна статијаИгор Џамбазов откри во која актерка бил неутешно вљубен и колку не го сакал нејзиниот маж