Познато е дека примабалерината Александра Михајлкова е сопруга на Сашо Мијалков. Александра не често ја има во медиумите, но секогаш е интересна, и поради нејзината работа и професионални успеси, но и поради сопругот.
Мијалкова пред извесно време беше гостинка во Тв Сител, на гости на емисијата „Магазин“, и зборуваше за нејзиното секојдневие во пандемијата и воопшто за животот..
– Ние долги години сме заедно, и нашата поддршка взаемна била. За да бидеш успешен, терба да имаш поддршка и од сопругот и од децата.
На него сепак му било полесно со балетската уметност, отколку на мене со неговата работа, и со притисоците што се случуваат.
Мене ми било потешко, бидејќи спецификата е таква. Уметноста е почиста, поубава. Мијалкова рече дека и покрај обврските, таа и сопругот секој ден наоѓаат време само за нив.
„Пиеме кафе заедно, разговараме за нештата коишто не опкружуваат, и се дружиме со децата заедно. Секогаш мора да се најде време за убав разговор“.
Александра за својот сопруг зборуваше и во едно интервју во „Бекстејџ“. Мијалкова рече и дека нивната свабда била многу весела, со најблизок круг на пријатели, а она што ги одржува и после толку години во брак е флексибилноста.
– Многу весела свадба имаше, бидејќи имаше многу балерини, а кога се балерините присутни тогаш значи дека веселбата е уште поголема. Флексибилноста е еден од клучните фактори за успешна врска или брак“.
Јордан Мијалков и неговата девојка Анастасија минатата лето летово направијасвадбена веселба со своите најблиски роднини и пријатели.
Фотографии од свадбата имаше на профилот на свекрвата Александра Мијалкова, која остана верна на својот препознатлив стил и облече елегантен црн коктел фустан.
Младата избраничка на синот Јордан изгледала уникатно исто така. Таа носела краток бел фустан, изгледала многу елегантно, а можеше да се види и трудничкото стомаче.
Анастасија Бела, новата снаа на Мијалкови, е косопственик на концептуалната продавница „URMA“, заедно со нејзината сестра Александра Бела која е сопруга на актерот Атанас Атанасовски, објави Вечер, што значи дека актерот Атанас и синот на Сашо Мијалков станале баџанаци.
Пејачката Тамара Тодевдска, во август минатата година на својот Инстраграм на стори ја објави веста дека Сашо и Сандра Мијалкови станале баба и дедо.
„Девојче е“, напипишала Тамара и го означила на оваа обајава таткото на девојчето, синот на Сашо, Јордан Мијалков.
Александра Мијалкова гостуваше во емисијата „Г карпет“, заедно со нејзината колешка, познатата балерина и кореограф, Олга Панго.
Панго за Мијалкова рече дека од многу мали се дружат: Кај неа ме фасцинира нејзината добрина и големина како човек, нејзината широчина“, рече Олга за Александра.
Кажаа дека никогаш не се скарале иако долги години се другарки, но се има случено да не се согласат околку некои работи што се однесуваат до професијата.
Потоа, збопруваа за нивното дружење и дека сакаат да одат заедно на ручек и на вечера, но поради професијата мораат да внимаваат што јадат.
-Јас сакам да јадам, се гледа по мене, но јас активно не играм, Александра се уште игра“, рече Панго, а Александра Мијалкова додаде: Јас се воздржувам.
Потоа рече дека јаде главно салати и кажа дека игра во претставата „Госпоѓиците од Авињон“, а кореограф на оваа претстава е Панго.
Милајлкова играше во една игра на брзи одговори и одговори на прашањето кои три работи прво ги забележува кај мажите.
-Однесувањето, говорот на телото и изгледот“, одговори Михајлкова. Се спомена и темата Осми март, и двете рекоа дека празник на жената треба да е секој ден.
Потоа, Мијалкова рече дека таа живее со мажи и дома секогаш со цвеќе ѝ честитаат сите. Го спомена синот Јордан и кажа: Александар и Јордан честитаат со цвеќе. Исто и Јордан на својата сопруга“, изјави Александра Мијалкова.