Сања Савеска, уште пред да стане водителка на „Брза кујна“, е позната по тоа што успеа да добие екcлyзивни интервјуа со Новак Ѓоковиќ и со Ники Лауда, за што зборувале во интервју за hybrid.mk.
-Не е едноствно, но остварливо. Во екот на славата да се добие интервју од светски број 1 спортист е веројатно сон на секој новинар, а беше и мој предизвик.
За интервјуто со Новак чекав цели две години на одобрување и слободен простор кога тој ќе биде во Србија за да го реализираме.
Иако почна да ме напушта надежта дека токму мене ќе ми отстапат простор еден ден, ден кој сигурно ќе го паметам целиот живот, ми јавија дека за три дена треба да бидам во Краљево на Дејвис купот каде што ќе добијам прво ексклузивно интервју за Македонија од најдобриот тенисер во светот во тој миг.
Интервјуто пак со Ники Лауда се случи сосема спонтано и за само неколку часа, кога дознав дека доаѓа во Македонија, поточно во Гевгелија, со екипата се упативме кон југот каде што успеав од трикратниот шампион во Формула 1 да добијам кусо интервју.
Таа исто така, одговори на прашањето кој бил подобар соговорник од нив двајца.
-Дефинитивно Новак, поради тоа што беше во екот на неговата п опуларност. Кој беше подобар соговорник…
Па можам да кажам дека и двајцата се исклучителни личности, сосема непосредни и пријатни за разговор, луѓе со огромен респект, вистински sвезди, а сепак сосема обични и нормални.
Дефинитивно нивната големина е во нивната приземност и почитта која ја имаат кон сите нивни соговорници“, рече Сања.
Телевизијата е една м агија, која штом ја почуствувате еднаш, т ешко дека лесно ќе се откажете, ве о бзема целосно, едноставно станувате з ависни од адреналинот кој го носи оваа работа.
Има навистина премногу предности кои едноставно ги засенуваат недостатоците, работејќи во ТВ секогаш сте помеѓу првите кои ги дознаваат информациите.
Можете секому да се јавите и да побарате интевју, sвездите кои до вчера ви изгледале далечни седат спроти вас и можете да ги прашате сè што сакате, редовно ве препознаваат на улица, па понекогаш може да добиете и нешто гратис на пазар.
Сања на својот Фејсбук профил ставила доста слики од саемот на венчавки каде што била како невеста, тоест била една од манекенките на оваа ревија.
Сања носела венчаница која преубаво и стоела, и се сликала со својот дечко и со нивното милениче и притоа напишала: Принцеза од бајките.
А Сања, во една прилика, за Женски магазин ја раскажа приказната за нивната љубов и рече:
– Беше тоа една прослава на заеднички пријател каде што и двајцата бевме поканети. Искрено, тој ден бев многу уморна и не бев расположена да одам, но сепак одлучив на кратко да се појавам.
Таму се појави и тој. Ми пријде и се запознавме. Не му го слушнав името и не знаев ни како се вика, пред да си одам ми побара број, од што бев збунета му го кажав мојот стар број од пред 10 години.
Јас си тргнав дома додека другите продолжија со забавата, а на заминување ја прашав една заедничка пријателка како се вика.
Кога стигнав дома сфатив дека сум му дала непостоечки број. Баш убаво си реков во тој момент “комплимент” сама на себе (се смее).
А тој, Томи, ни Фејсбук, ни Инстаграм немаше. Но, сепак тој успеа да ме пронајде и започнавме убава дружба која брзо прерасна во врска“, рекла Сања.
Птооа, ја прашале кој на кого повеќе попушта во врската, а Сања одговорила:
– Мислам дека јас повеќе попуштам и се прилагодувам. Томи е доста по крут и цврст кон некои свои ставови. Неговиот карактер е таков, цврст, точно знае што бара и што сака.
Додека јас сум многу поприлагодлива по природа, па тука ќе одговорам дека јас правам компромис“.