Ивона Талевска одмара во познат ресорт, во друштво на овој наш водител (ФОТО)

0

Новинарката Ивона Талевска, минатиот месец по долго време се појави на телевизија, но тоа не е ТВ Сител. Познатата новинарка беше на фреквенцијата на ТВ Канал 5 со посебен повод.

Талевска беше дел од екипата на отворената програма на Канал 5, во која познати личности се јавувале на телефонските броеви на кои вртеа граѓаните, како доница за помош на граѓаните на Турција и на Сирија.

Прво Јелена Спенџарска објавила снимка од екипата која ја подготвува оваа програма а на неа е и Ивона, а потоа Спенџарска го шернала сторито на Талевска каде што таа е сликана со целата екипа: Јелена, Александар, Роберт.

Ивона, во разговорот со колешката Александар Илиевска беше претстравена како претседател на МАН, но и како ководител и копомагател на оваа хуманитарна акција.

Талевска ја знаеме како уредник во Вечер, претседател на Македонската асоцијација на новинари МАН, и долги години ТВ лице од Сител, не го открива многу приватниот живот.

Една од ретките приватни слики кои Талевска ги има објавено на Инстаграм е онаа со нејзината мајка, која новинарката детално ја опиша во оваа слика. До фотографијата од мајка ѝ на која е и таа, Ивона напишала:

– Една е мајка. Знае што е ембед код и како да го примени, знае што е стори, фотошоп го владее до лејери, одбива копи пејст и филтери на инстаграм и се грози од ботокс наспроти годините.

Таа има 70 години, и секој ден ме испраќа со јадење за на работа и секоја вечер ми ѕвони во точно време – ќе одиш да вежбаш?

Пешачи околу 7 километри дневно и ме напнува – работиш премногу, стави мидер ако не се движиш“.

Во ноември во 2020 година, овој свет го напушти Љубисав Иванов- Ѕинго, македонски стопанственик, спортски работник и политичар, претседател на Социјалистичката партија на Македонија и пратеник во Собранието на Македонија, основач на ТВ Сител.

По неговата загуба, Ивона Талевска, со овие зборови се прости од него:

– Збогум Ѕинго, ќе ни недостасуваш на сите. Тешко е во кус текст наменет за јавност да се напише последен поздрав за близок човек, учител на своите блиски и соработниците, легенда во бизнисот, политиката и спортот кој зад себе остава трага подлабока и подолга од било кој современ лик во македонскиот бизнис и политиката.

Едноставно, со заминувањето на Ѕинго запира една ера, едно време, една култура и етика која градеше, создаваше, вработуваше, формираше современа држава,

бранеше национален интерес во секоја прилика, и која знаеше зошто е тука, и знаеше времето подарени од животот да го помине во постојано создавање.

Благодариме Ѕинго за сето тоа. Некои од нас, кои со децении соработуваа со тебе, учеа и примаа од тие стандарди и етика, останаа со децении заедно со тебе.

Имаше причина за тоа, бевме со човек кој не научи на упорност, постојана работа и почитување на својот и туѓиот живот. Збогум Ѕинго, многумина сакаа да бидат како тебе.

Малкумина останаа кои имаат време и талент да се доближат на твојата легенда“, напиша Талевска мкоја објави слика со Ѕинго.

Талевска сега е на зимски одмор и тоа во доста интересно друштво. Имено, водителот Ване Маркоски има објавено слика со неа.

Тие се заедно во друштво на пријатели на Копаоник кои се чекирани во хотелот „Гранд“ што важи за еден од најдобрите на ова место во Србија.

Инаку една вечер за две лица во овој хотел чини околку 200 евра во овој период. Се гледа на сликата дека Ване и Ивона со друштвото се на добра журка.

Претходна статијаИрена Спировска блеска во прегратка на еден од најславните Балкански пејачи (ФОТО)
Следна статијаСања од „Брза кујна“ облече венчаница, а еве што кажа за љубовта со Томи и кој на кого повеќе попушта