Познатиот и светски наградуван македонски режисер Милчо Манчевски во едно интервју за Слободен печат, говори за тоа како се снимал филмот „Кајмак“ на големи горештини среде пандемијата летото 2021 година.
Тој зборувал и за актерската екипа, како и за тоа како ги создава сценаријата за филмовите со кои го освојува светот.
Неговите филмови „Пред дождот“ и „Прашина“ своевремено беа одлично примени од публиката на Далечниот Исток.
-Немам трема пред јапонската публика. И одамна сум немал. Веројатно тоа е прашање на навика, на фокус, на професионален тренинг. Сфатив дека отсекогаш ми било најважно делото.
Се што е периферно, како црвени килими, коктели, гламури, реакции…, се е тоа помалку важно од самото дело, и штом не е важно, тогаш зошто да имаш трема, вели Манчевски.
-Често добивам писма кадешто луѓе нудат нивни текстови, раскази, романи или вистински случувања, но јас никогаш не работам по туѓи текстови.
И не знам како се работи по туѓи текстови и тоа не е проценка на вредноста на тој текст. Може да биде феноменален. Мене на времето ми ја понудија книгата „Свила“ на Алесандро Барико и некои други книги.
Мислам дека е добро луѓето да знаат дека тоа не е одбивање зошто не чини, туку зошто не е мој начин на работа. И плус никогаш не работам филмови по вистински настани и вистински луѓе.
Имам ет ички проблем. Мислам дека немам право да интерпретирам нешто што се случило, а јас не сум бил таму.
Колку и да го подготвувам, колку и да го истражувам јас не сум бил дел од тој настан и во кожата на тој човек и не можам и не сакам да зборувам нешто што ќе биде 60 проценти, 80 или 15 проценти вистина.
Тоа им го оставам на историчарите и на новинарите, вели Манчевски во ова интервју кое беше објавено пред неколку месеци, а потоа филот „Кајмак“ ја имаше својата премиера.
На порталот novatv.mk излезе текст поврзан со „Кајмак“ на Манчевски кој има делови од повеќе странски критики за овој филм, но и домашни. Во дел од текстот се вели:
„Можеби Манчевски, сè уште го брка духот на неговото феноменално успешно деби „Пред дождот“, и само сакаше малку да се забавува.
Но, приказната што се обидува да ја раскаже е бесмислена, а постојаното цик-цак помеѓу сериозната драма и чистата глупост предизвикува вртоглавица“, Марта Балага, Синееуропа.
Светската критика, потпирајќи се на своите стандарди негативно го оценува најновото филмско остварување на Манчевски.
Впечатокот, судејќи според меѓународните критики, е дека авторот не успеал да го повтори својот успех од дебито „Пред дождот“…
За танго се сосема доволни двајца, доколку знаат како играат, а во филмот е доволно ако сценаристот а во случајов и режисер и продуцент ги прифати добронамернити критики, и без надменост го увиди својот вистински потенцијал експониран во овој филм“, стои меѓудугото во овој текст на НоваТв.
Новинарот Тимчо Апостолов го споделил овој текст и до оваа објава тој напишал:
-Критичарите се согласни и дека по почетничката среќа со „Пред дождот“, подоцна никогаш навистина не видовме приближно успешно дело од авторот, па се чини тој постојано ни подметнува лански кајмак на стара слава“.