Калиопи со малку шминка- под чapшaв, ваква ја немаме видено досега (ФОТО)

0

Без оглед што се долги години поминати откако одржала концерт во Македонија, Калиопи како вчера да пеела пред својот народ.

Концертот кој во ноември минатата година го одржа во Велешкиот театар, од една страна покажа колку домашната публика ја зажелела, а од друга, колку е цврста таа нејзина врска со верните фанови кои со години стојат пред неа.

Магичен, емотивен, моќен и весел беше овој концерт, каква што е и самата Калиопи- мајстор во она што го прави, неприкосновен уметник“, обајви Женски магазин минатата година во ноември.

Со годините, гласот како да ѝ станува уште подобар, почист и посилен. А, во старите хитови инвестира, правејќи од нив малку поинакви верзии, следејќи го чекорот на времето, а сепак оставјќи го главното да ги води- убавото време во кое се создадени.

– Колку е убаво да си во добри односи со поранешниот маж. Ромео пишува песни, јас пеам. Убаво е и да си во добри осноси со другиот поранешен маж.

Сè останува во фамилијата. Многу те сакам Васил“, му се обрати Калиопи на актерот Зафирчев, кој ја следеше од главната ложа. Васил е актер во театарот Јордан Хаџи Константинов – Џинот, а на покана на оваа институција случи концертот, стои во текстот.

Нашата поп дива имаше импресивен настап н одржаните музички награди MAC 2020 во Белград, а нејзиното присуство беше можност за српските медиуми непосредно да поразговараат со неа.

Пред почетокот на церемонијата и во фаза на подготовки таа изјави:

-Брзав, затоа вака изгледам! Простете, кажала Калиопи и со задоволство изјавувајќи дека и е драго што се наоѓа на вакво случување“, а ова го обајви Вистина.

За Калиопи, во една прилика, во Женски магазин зборуцал нејзиниот поранешен сопрѕг, а нашиот познат актер Васил Зафирчев.

– Со Калиопи отсекогаш сме биле пред сè добри пријатели. И секогаш не врзувал искрен однос и меѓусебно почитување. Таа ми е една од најблиските во животот.

Се гледаме онолку колку што ни дозволуваат професионалните ангажмани, отсуства и патувања. Но секогаш се радуваме на можноста за заедничка средба или дружење, на кои покрај разговорот, уживаме во готвењето и убавата храна.

Од неа научив дека животот е вечна сегашност. Едно големо овде и едно, долго, долго сега. Токму затоа со неа сме секогаш сега и овде еден за друг. Искреноста, талентот и алтруизмот ме фасцинираат кај не“, кажал Зафирчев.

– Создавањето музика за мене значи исцелителен процес, бидејќи со секоја “исфрлена” тема, јас од внатре го чистам просторот и времето,за повторно да бидат вткаени во друга временска и просторна димензија.

Во театарот процесот започнува со раѓањето на нечија или некаква идеја , која треба да биде провокација за создавање. Во последниов случај, тоа беше текстот на Димоски.

Уште за време на моето прво читање на “Госпоѓиците од Авињон” , во мене свиреше целосната оркестрација на главната музичка тема во претставата.

Платната на Пикасо оживеаа , боите се разлеваа по ликовите од неговиот живот а Госпоѓиците од Авињон станаа мои ривалки.

Тие не застапуваа ништо од сето она што јас би го направила или не би го направила. Дури не можев ниту да се сожалам над нивните судбини, токму заради нивните обезглавени души.

Сметам, ова е барем мое лично мислење, дека процесот никогаш не завршува, бидејќи токму театарот не го дозволува тоа“, рече Калиопи во едно постаро интервју за Тетарчеч.мк, поврзано со музиката која таа ја пишуваше за балетска претстава.

Мојот “куфер” e преполн, но никогаш тежок. Секогаш пред да го отворам, гледам добро да го износам до најдалечните места,таму каде што само мислата може да отпатува.

Жената сама по себе е музика. Жената муза- Жена Кралица, и под најсилни прангии ,Таа ја глуми слободата. Зарем има нешто понесовршено совршено?“, изјавила Калиопи.

Таа објави едно ептен опуштено стори, во салон за убавина каде што таа уживала и се разубавувала. Без трунка шминка на неа, раскомотена, дивата ја покажака онаа своја, опуштена страна.

Претходна статијаНаташа Мерсовска има нетипична љубовна приказна со Александар, а еве зошто сега целата блеска и изгледа како девојче
Следна статијаЏокси се отвори и кажа на кои луѓе никогаш нема да им прости