Д-р Никола Пановски со совет за сите жени- кажа како да го најдат идеалниот маж

0

Д-р Никола Паноски, во изминатите три пандемиски години, беше еден од најактивните на социјалните мрежи, со објаснувања за граѓаните околу нивните дилеми во врска со вирусот.

Тој помина часови и часови во објаснувања, во групите на кои се разменуваа мислења и беше еден од најгласните во апелите да не се земаат антибиотици на своја рака.

Д-р Никола Пановски, пред неколку месеци, остро реагираше на својот профил на социјалните мрежи, откривајќи дека некој, со цел да оствари профит, неовластено го користел неговото име, за рекламирање на чаеви.

„Никогаш не сум учествивал во продажба на никакви чаеви, и ги повикувам органите да откријат кој го користи моето име, со што ми нанесува штета на угледот“, истакнуваше популарниот доктор во тоа време.

Д-р Никола Пановски е голем љубител на природата и во повеќе наврати има раскажувано дека редовно го качува Водно, но во една прилика, во гостување во емисија од забавен карактер, откри и дека по планирањето, сака да си направи и мерак на душата:

-Не ја гледајте мојата габаритност, јас сум подвижен човек, но исто така сум и гурман. Па јас, кога се искачувам на Водно, правам планови како, кога ќе се вратам, ќе си направам салатичка и ќе си се напијам една ракиичка, рече д-р Пановски, потенцирајќи дека сè што е во границите на нормалното, не му штети на организмот.

Минатата година, узичарот Гокса виолина, тоест Горјан Стојановски кој свири со Трајче Толевски во групата Скопски боеми објавил слика на Инста стори, заедно со д-р Никола Пановски и му го честитале пензионирањето.

Овие музичари биле избрани да ми свират на увце на Пановски, кој е инаку познат како весел човек што сака да се дружи.

Доктор Пановски гостувал во емисијата „Нешто конкретно“ која ја води Снеже Велков, а во студиото имало и други гости.

Тој во оваа емисија раскажал една многу интересна приказна, а се однесува на жените, тоест на петте правила, како тие да изберат идеален маж.

– Како една мајка (може сте го слушале), праќа порака, ѝ кажува на ќерката како да си најде идеален маж. Ѝ кажува дека има 5 правила. Првото правило е:

-Мажот да ѝ биде пријател, да може со него искрено да си поделат секакви работи, дури и тајни. Второ, да биде харизматичен, забавен, духовит и така натаму..

Трето, да биде добар љубовник. И четврто, финансиски да обезбеди, односно да биде богат. И вика, петтото правило е најважно:

-Овие четворица мажи, никогаш меѓу себе да не ги запознаеш“, рекол Пановски, и сите се насмеале во студиото.

„Така да, не можеме се да избереме, пораката е дека нема идеален“, рекол познатиот доктор.

Претходна статијаАна Николиќ ѝ се пушти на Јелена Карлеуша и лом ја направи со овие зборови
Следна статијаСреќен ден за Ноне, насмеана и среќна во машко друштво (ФОТО)