Еве како изгледа сега и што прави актерот Ѓорѓи Тодоровски Трупче

0

Еден од најпознатите наши актери од постарата генерација, Ѓорѓи Тодоровски- Трупче е роден во 1956 година во Битола. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје 1979 г. во класата на професорот Љубиша Георгиевски.

Во 1981 г. се вработил во Драмскиот театар во Скопје. Работел со многу познати тетарски режисери, а своите почетоци ги врзува со Слободан Унковски во претставите „Ослободување на Скопје“ и „Хамлет“. Со својот професор, режисерот Љубиша Георгиевски работел во претставите „Црнила“, „Еригон“, „ЈУ-антитеза“ и други.

Улоги кои се паметат се и оние во претставите „Рибарски караници“, „Викенд за мрт- овци“, „Зојкин стан“, „Дон Жуан“, „Ладало“, „Прости дарови“, „Жени во народното собрание“, „Дедо Мраз и Феферона“ и многу други.

Забележливи му се и улогите во многу детски претстави. Учествувал скоро на сите позначајни театарски фестивали, а зел учество и на гостувањата во Бугарија, Србија, Хрватска, Словенија, БиХ, Италија и други места.

Во исто време учествувал во многу ТВ-проекти како ТВ-драми и ТВ-филмови, играни серии и детски ТВ-серии. Својот талент го покажал и во над 50 радио-драми како и во 4 играни филмови:

„Време води“ на Бранко Гапо, „Хај фај“ – В.Блажевски, „Војници“ – Стјепан Заниновиќ и играниот италијански филм за Мајка Тереза „Глас“, каде што ја оствари улогата на Лоренцо, на познатиот италијански режисер Брунело Ронди.

Голема популарност стекнал и во ТВ-емисиите за кулинарството каде со својот шарм и вештина стана пионер и бренд за ваквиот тип на емисии. Трипати бил избран за најпопуларно ТВ-лице, а двапати за најпопуларна личност во Македонија од весникот Вечер.

Во своите улоги Ѓорги Тодоровски се претставува како творец со култивиран талент, со потресни акценти и изразена глума, стои на википедиа за овој наш познат актер.

Во јули годинава, Ѓорѓи Тодоровски-Трупче во Драмски ја одигра последната престава и замина во пензија. Веста ја сподели неговата сопруга, пејачката Росана, која објави и фотографија од претставата во неговиот матичен театар, каде што е од 1981 година.

„Ти благодарам што ме научи да го сакам театарот, ти благодарам за секојпат кога бараше совет од мене при градењето некој лик.

На тој начин и јас барем малку се чувствував како да ја исполнувам мојата неостварена актерска игра“, напиша ќерка му Ивана.

„ Се сретнавме случајно, на едно снимање во Македонската телевизија. Јас не паметам, Трупче вели дека било во 1988 година. Во тоа време, секаде со мене го носев тефтерот со сите запишани броеви.

Без да видам, тој кришум ми го украл тефтерот и го запишал својот број во него. Се запишал под буквата Т, Трупче, а јас ни на крај на памет да видам.

А и да видев, сигурно дека немаше да му се јавам, како и секоја жена и јас сум по малку горда“, се присети Росана на почетоците од нивната љубов, во една прилика за Женски магазин со која е во брак 33 години.

На социјалните мрежи е објавена слика токму од Ѓорѓи Тодоровски- Трупче, кој и сега во пензионерските денови не мирува. Актерката Ели Клинчаревска- Младеновска, неговата помлада колешка објавила слика од Трупче.

На неа се гледа дека нашиот актер, сопруг на Росана и дедо на двајца внуци одлично се држи и е активен во она што го исполнува целиот живот- а тоа а актерството.

Претходна статијаМАЖОТ ЈА ОСТАВИ СОПРУГАТА ПОРАДИ ЗГОДНАТА СЕКРЕТАРКА: Нејзината одмазда ги воодушеви сите!
Следна статијаМоите дечки -Перо Антиќ горд на своите наследници, обајви слика од сала, кој од двајцата ќе го надмине тато? (ФОТО)