Тажната приказна на Неџат: Ѓубреџии отсабајле ме вадеа од контејнери каде што спиев (ВИДЕО)

0

Неџат останал без родители на 4 годишна возраст. Неџат ја раскажа својата тешка животна приказна, во емисија кај јутуберот Лазаров.

-Jaс сум Неџат Камбери, имам 18 години, се родив во Штип. Од моите 4 години како што се сеќавам сум без родители, без мојата мајка, без мојот татко и без мојата фамилија.

Зборам за семејството, јас сум без нив од 4 години, а сега имам 18 години. Јас 14 години растев без родители, без фамилија, без роднини буквално, сам на себе.

Од 4 до 14 години без во згрижувачкото семејство во Кочани, со мојот помал брат и поголемата сестра. Ние сме 13 деца од мајка ми, сместени бевме 3 деца во семејство во Кочани.

Додуша, таму ни беше многу добро, имавме добри услови за живеење, учевме, сѐ океј ни беше, но после некој извесен период, се појавија нашите роднини од Штип.

Тетка ми и брат ми се појавија, сакаа да нѐ земат, заедно да растеме, како фамилија. Во мојава ситуација, беше подобро да живеам со згрижувачите, отколку со роднините, бидејќи додека сум бил јас кај згрижувачите сум имал образование, сум имал сѐ, ништо не ми фалело.

Но, кога отидов кај моите роднини, многу работи ми беа скратени, немав ни алишта, немав ни образование, ни куќа, ни ништо, апсолутно на улица.

Моите роднини не работат ништо моментално. Нивната цел беше да растеме ние заедно со нив, јас од ова не се срамам ама тие си просат пари, со тоа си поминуваат уствари.

Тоа што моментално тие го работат е просењето, така се одржуваат. Што е најтажно кај мојата фамилија, немаме ни куќа, ни мајка, ни татко. Јас имам 13 браќа и сестри вкупно, сестрите ми се омажени, јас сум деветти или десетти.

Татко ми се упокои пред 1 година, мајка ми е здрава и жива. Тогаш кога отидов во згрижувачко семејство, таа се има премажено. И со истиот тој сопруг си има две близначки и едно дете машко.

Јас, дете како дете, не се сеќавам баш точно, но причината зошто сме завршиле во дом било несогласувањето на моите родители и нашата сиромаштија.

Татко ми морал да оди да краде, па после го фатиле единици и отишол тој во затвор. Немала начин мајка ми како да нѐ чува.

Татко ми сакаше да нѐ земе, но тој не можеше да нѐ земе, бидејќи не ни беше признаен во изводот. Мајка ми не сакала да признае дека имаме татко и не постои кај нас во изводот.

Ние сите деца сме така, додуша татко ми немал кој знае какви услови, но сепак не сакал да растеме така по домови и институции.

Со мајка ми и татко ми генерално во никаков однос не сум. Од моите 14 години, па се до денес, јас нејќам да одржувам комуникација.

Едноставно не се замарале со нас во животот. Јас кога отидов во домот, мојот старател што ми беше назначен од Центарот за  труд и социјала во Штип, ми има кажано, мајка ти доаѓа да прави документи, за вас нема прашано.

Додека бев кај згрижувачите, сум го немал тоа чувство дека немам мајка и татко, така ги чувствував, блиски бевме. Кога им беше одземено правото за згрижувачите, тие повеќе не смееја да нѐ држат таму во Кочани и моравме да отидеме за Штип.

Во Штип кога отидовме кај тетка, кај брат, по улици сум бил во Штип. Сум немал кај да спијам, сум спиел по контејнери. Комунално јавно претпријатие ме има будено.

Во Штип живеев кај роднини по неколку дена, но роднини ко роднини, реално ќе си кажам вака, секој си гледа за себе. Секој си брка свој леб и не можеш да останеш многу.

Кај овој ќе одиш два дена, кај оној ќе одиш два дена и на крајот од денот пак ќе се случи да се скарате за нешто на пример. Почнува да те користи за него да правиш некои работи.

Мене не ми одговарале тие работи, да одам да просам, да крадам, да лажам и сум се тргал најчесто и затоа сум завршувал на улица.

Има во Штип една дискотека Клик, ко помал бев надарен за пеење, луѓе си излегуваат по дискотеки и јас им пеев и ако им ја погодам песната, луѓе ми даваа по некој денар. Тоа се случуваше во среда, петок и сабота.

Во четврток насабајле, ако не сум извадил ништо во среда, ќе одев по трговскиве центри да им го фрлам ѓубрето, за да пројдам за доручек, ручек и вечера.

Видеото можете да го погледнете ОВДЕ.

Претходна статијаПроговори готвачката на Чолиќ, раскажа досега необјавени детали за славниот пејач – еве која му била омилена храна
Следна статијаАнета Молика ги отвори вратите од својот дом и ги маѓепса сите! ФОТО