– Трае….трае…и трае. Трае предолго, очекувавме кратко, верувавме и се надевавме дека брзо ќе заврши, за месец два, ај еве три. До јуни (ланскиот, да не се разбереме погрешно) и – толку. 20 месеци…речиси две години, кој би рекол“, напиша неодамна Фејсбук познатиот Денис Јанкуловски, медицинско лице од Центарот за јавно здравје, познат како Денис Космонаутко.
– Една реченица со која често се среќавам во разговори со луѓе кај што имам земано брисеви е “ќе пол-удам, мислам дека сум на крај со нервите”.
Многу моменти придонесуваат за ова, изол-ациите, кара-нтините, долгомесечните неизлегувања од дома, негледањата со своите најблиски но и со роднините и пријателите, моно-тонијата.
Однеси потребни намирници и остави ги пред врата со болка во срцето што не можеш да влезеш и да гушнеш. Бол+ка до коска….
Недостатокот од поздравување, гушкање, чувството на топла прегратка која дава сигурност и блискост, која е човечка карактеристика и едно од најубавите животни секојдневија.
Недостатокот од визуелен момент со родителите/децата/внуците/љубовта на животот кој обезбедува топлина во срцето и енергија за денот, кој е грб во ветерот за полесно минување на тешките моменти.
Недостатокот во најтешките моменти на за-губа на некој близок да ја споделиш болката со некој до тебе, самотијата во последното испраќање заради ете протоколи, правила и најмногу заради сечија безбедност.
Она што дополнително отежнува или што би рекле “како сол на рана” а што за мене претставува мноооогу големо оптеретување за сите е тоа она што јас го нарекувам “бескраен кружен тек”.
На пример имаат близок контак со некој позитивен, чекаат неколку дена за појавување на симптоми, стрепат, во грч прават тест – негативен. Супер. Но веќе во наредните неколку минути повторно влегуваат во шемата наречена “внимавај, носи маска, дезинфицирај се, немој блиску, чувај се” ииииии – пак некој сомнителен контакт, пак истиот круг – симптоми, стрепење, ев тест. И така во круг.
Но тоа всушност е и единствениот начин да се дочуваме и тоа трае…..и трае….и трае.
Затоа сметам дека после оваа кр-иза многу работа ќе имаат психи-јатрите, психолозите и сите стручни лица кај кои можеме да се обратиме за да ни помогнат да ги пребродиме тешкотиите со кои секојдневно се соочуваме и кои секојдневно ги складираме.
Нешто што американците го викаат посттрауматски синдром, овде можеме да го наречеме посткор-онски синдром.
Ќе треба многу муабети, разговори, саати па и денови, може и месеци што апсолутно не е страшно, напротив, баш е потребно и добредојдено, не треба ниту страв ниту срам за да им се обратиме, затоа се тие тука. А тие знаат што треба да направат. Личи на бескрај, но се’ има свој крај. Долго е, но ќе заврши. Јас сакам да можам да речам уште утре.
Најбитно е сите вие и понатаму да се чувате, да внимавате, да ги сочуваме тие со и околу нас и што побрзо да се видиме во живо, да се насмееме, со дооооолги прегратки, со физичко присуство. Онака како што треба како што сакаме, како што личи. Како што е нормално.
И нема да полу-диме, тоа знам. Затоа си пееме, си се смееме, па макар и онлајн нека е. Тука сме, на број сме. Живи и здрави. И уште еднаш: Чувајте ми се за Гуш и Бац во живо. Ваш Космонаутко“, објави Денис.
– Од дневникот на Космонаутко или “Скрининг во ОУ во с.Блаце 26.10.2021”
Ако не друго со вирусов барем Скопје и околината ги прошетав уздуж и попреко, така да информации за топ места за викендици, излети, прошетки во природа и полнење бели дробови со чист (или барем почист воздух) можам од прва рука да ви кажам и тоа беЗплато.p.s. Тоа позади што не се ни гледа од “чистоќа” е Скопје“, напиша Космонаутко.
Денес, тој слави јубилеен, 50 роденден, и по тој повод објави интересна приказна на Фејсбук, која е сосема во негов стил и е доста интересна, и под неа доби многу честитки за овој специјален ден.
– 50 години или 1/3 од животот. Втор кор- онски роденден или „коренден“. Но, овој јубилеен, одбележан со 563 дена исполнети со 629 македонски, ex Yu и странски талентирано УПРОПА-СТЕНИ песни (се смее) и ќе биде прославен во кругот на семејството, така сака оваа досаднава вешт-ерка ли е ве-штер ли е, ма веш-тириште. Ако, има време и за погужвеста прослава, секој ден може да биде “по повод пеефчето” само нејзе да ја избркаме.
Она што ми е најбитно е што сум тука, жив здрав, меѓу моите ми, мојата сопруга Херој-Кралица и гордоста ми Јанкула Други и Треќи, со своите. А своите СТЕ и вие а сте гооолема бројка. Желби…..сите имаме милион неостварени желби па и јас. Но човек треба да биде со усул, затоа имам само една:
да се врати ЧОВЕКОТ меѓу нас, но пред се во нас а тоа значи се враќаат добрината, хуманоста, емпатијата, насмевките, прегратките…..да се врати во огромна количина Љубовта. Можеби звучам како кандидатка за Мис на Универзум (ок, знам дека сум убаФ ама не до толку ) но навистина го мислам ова.
Ќе се обидам но доколку не стигнам поединечно секому да одговорам заради летањево по планетиве не ми замерајте, затоа еве превентивно:
Ве сакам, ве гушкам, ви благодарам и верувам дека наредниот роденден ќе биде негде кај што ќе не собере сите. Значи на Градски стадион.
Имајте најгуш, најбац, најрасположен, највесел, најраспеан, најразигран четврток и секако поздрав…уствари најздрав од Космонаутко (денес машносан јер ипак нели )“, напиша Денис.
Потоа, тој објави видео кое го нарече: се будиме и пееме со Космонаутко, а можете да го видите ТУКА.