По веста дека ќе се жени, Иван Иванов откри и како ќе изгледа неговата свадба

0

Иван Иванов, синот единец на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, пред неколку дена ја промовираше својата збирка поезија „Невино време“. Тој во емисијата „Бекстејџ“ раскажа се за книгата но и други детали од животот.




Но, тоа не единствената причина поради која Бекстејџ го покани на разговор. Иван раскажа дека се свршил со својата девојка, то претходно се објави во медиумите откако тој се пофали и на Фесјбук. Убавата вест тој ја потврди во емисијата но не го откри го идентитетот на избраничката.




-Видете, во ова невино време, мене ми влезе личност која ми го облагороди моето време, некако си се надополнивме. Си знаев дека тоа е тоа, не можеби првиот ден, меѓутоа на почетоците, кога ја започнувавме нашата врска знаев дека тоа ќе биде тоа.




А како сум се чувствувал, ќе прочитате во наредната збирка која ќе биде инспирирана од тоа“, рече Иванов во Бекстејџ и раскажа кога открил дека таа е вистинската. „Видете, тоа не е нешто егзактно кое можеш да си го прерачунаш, според овие и овие параметри, пеперутките не за цабе велат дека не се залудни во стомакот..




И кога ќе ги осетиш тие пеперутки што подоцна можат да прераснат во големи змејови, што ти се случуваат во стомакот. Затоа што стомакот не лаже, дефинитивно. Кога ќе го почувствувате тоа во стомакот, ќе знаете дека станува збор за она вистинското и дека таа е личноста со која сакате да ги испишете една од најубавите приказни во животот“.




Потоа Иван сподели што било тоа со коешто неговата избраничка во освоила. „Со шармот, со насмевката, со нивото на промислување на работите околу себе, со нејзината интелегенција, со нејзината убавина, но пред се ме освои со тоа што таа беше онаа вистинската.




Во изминатиов период немаше никаква тенденци-оизност, едноставно работите течеа по најприроден пат, и со таа нејзина природа ме освои“, откри синот на Маја и на Ѓорге Иванови. Тој рече дека кога ќе заврши пандемијата, ќе се случи голема, традиционална свадба.




-Видете, јас сум растен во такво семејство, сум растел со нана, со баба, со дедо и баби што едноставно ми го всадиле тоа. Едноставно, јас сум горд на нашата македонска традиицја, затоа пто сметам дека тоа не прави тоа што сме ние.




И не сакам да размислувам дека некој се срами од тоа и не сака да испочитува нешто што е обред и адет уште кај нашите стари коишто го почитувале. Затоа сакам да се испочитува тој дел, меѓутоа и оној забавниот, кој што е модерен“, откри Иванов.




Инаку, за неговата избраничка се знае дека се вика Јана. За својата книга, тој рече дека е негово ново интересно патување. Таа книга е хронологија на неговата младост и неговото зреење.




Претходна статијаНеверојатна случка на презентерот од Сител, Спасе: Се слуша огромна бучава од луѓе, налик зуеење…
Следна статијаДанела Арсовска откри која песна ја погаѓа во срце (ФОТО)