Данела Арсовска откри која песна ја погаѓа во срце (ФОТО)

0

Независната кандадатка за градоначалник на Скопје поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска негира дека има бугарско државјанство, но и дека некогаш се викала Даниела.




– Тие знаат да вадат слика од алманах каде некој ми го погрешил името, а не знаат да ми извадат слика од извод на родени. Луѓе ве молам, јас сум Данела Арсовска родена Македонка од Македонија, со дедо Дане, основно училиште учев во училиштето „Владо Тасевски“, средно училиште учев во гимназијата „Никола Карев“ во Скопје“, објави Макпрес.

Даниела Арсовска, жената од бугарската лична карта што денеска ја презентираше СДСМ тврдејќи дека тоа е Данела Арсовска, кандидатката за скопска градоначалничка, има право на глас во Петрич, каде што е жителка.




Тоа го покажува електронскиот увид во избирачкиот список на Бугарија што го направи „360 степени“, според објавените податоци/фотографии од страна на владејачката партија, објави Независен весник.

Ароовска, како што објави Прес 24, рече дека планира да докаже дека сѐ што досега било изнесено за неа и нејзиното семејство во јавноста е ла-га.




-Во оваа кампања, од денот кога кажав дека овие луѓе ќе имаат одговорност почнаа да ме напа-ѓаат. Претходно каде беа овие нап-ади? Јас живеам во Скопје 42 години, скопјанка сум, Македонка сум. Живеам тука 42 години, со своето семејство, со својот сопруг со својот син.

Направив многу, можам многу и овој којшто напаѓа денеска во понеделник очекувам дека ќе си ја поднесе својата оставка зашто така кажа. Јас денеска кажувам дека не се повлекувам, рече Арсовска.




Со неа, се сретнале Панчо и Андреј од дуото ДНК, што беше објавено на нивните Фејсбук профили. Панчо на Фејсбук објави дека со кандидатката за градоначалник на Скопје разговарале на многу теми, а меѓудригото и за музиката, но таа ја искоментирала и нивната нова песна.




– Денеска заедно со Андреј се сретнавме со независната кандидатката за градоначалник на Скопје, госпоѓата Данела Арсовска. Поразговаравме на неколку различни теми меѓу кои и темата која највеќе не засега нас и сите наши колеги од Македонската сцена.




Разговаравме и се сложивме околу тоа дека Македонските артисти треба да се позастапени низ градот убав поготово оние алтернативни и кавер бендови кои имаат помали можност да настапат пред јавноста или на комерцијални места.




Дојдовме до заклучот и ветување од нејзина страна дека ако стане градоначалнчка односно “Мајка” на Скопје ќе реализира повеќе културни настани вклучувајќи многу повеќе Македонски изведувачи.




Се сложи и со тоа дека кај Македонските артисти има многу квалитетни изведувачи и дека ќе настојува да ги ангажира согласно видот и потребите на настанот. Странски гости се секогаш добредојдени но исто така треба да си го цениме своето, домашното, Македонското. Исто така ни вети дека ќе се погрижи Скопје да биде почисто, позелено и место во кое што сите граѓани ќе се чуствуваат безбедни.




Ние ја држиме за збор и се надеваме дека ќе ја видиме како градоначалничка, односно “МАЈКА” која ќе се грижи подеднакво за сите граѓани на Скопје. Да не заборавиме дека мајка си е мајка, татко може да биде секој. (се смее)




ПС: Ни ја пофали и нашата последна песна “Сите Патиша” за која кажа дека и будела убави спомени од детството и ја вратила во времето на нејзиното безгрижно детство и на другарите со кои пораснала и со кој и ден, денес комуницира“, објави Панчо на Фејсбук.

Претходна статијаПо веста дека ќе се жени, Иван Иванов откри и како ќе изгледа неговата свадба
Следна статијаБиба Додева денес на Петковден и се обрати на својата мајка, која повеќе не е со неа