Игор Џамбазов во една прилика рече дека тој е дојранчанец кој живее во Скопје, тоест дека тој е дојранчанец на привремена работа во Скопје, а во Дојран, поточно во Сретеново, тој го наоѓа својот мир.
-Затоа што среќата е во Сретеново. Тука сум затоа што тоа беше љубов на прв поглед. Затоа што е мирно, спокојно катче во кое се чувствуваш како да си на друга планета на која овој вирус уште не пристигнал.
Сретеново е мојот егзил, мојата последна животна станица. Кога моите најблиски ќе ми го постават истово ова прашање, како од пушка им одговарам: „Затоа што тука и да сакаш да се заразиш, нема од кого..“, рече Игор минатата година во Независен весник.
-Најмногу се слушаме со врапчињата, ластовиците, галебите, кормораните, жабите, се слушаме секојдневно со ветерот кој во овие краишта како да не застанува, како да работи на норма.
Искрено, се слушам само со најблиските, а комуницирам со стотици, илјадници луѓе преку мојот Инстаграм профил. Не заборавајте дека јас сум најпознатата машка инфлуенсерка кај нас…хехехехе…“, рече Игор.
Инстаграм страницата Македонска поезија објави песна од Игор Џамбазов кој тој ја ома напишано одамна, а се вика Шарениот шал и е со вистинита приказна, а приказната тој ја раскажа во една прилика во емисијата Еден на Еден.
Игор Џамбазов раскажа за својата најголема љубов. Познатиот актер и шоумен на водителот на шоуто му откри дека песната „Шал“ ѝ ја посветил на својата најголема љубов.
„ Има една песна, се вика „Шал“. Тоа е песна за една од моите најголеми љубови која пред три години го напушти овој свет. Ќе ја кажам приказната што никогаш до сега не сум ја кажал. Се викаше Тања Кочишка, беше една од најубавите жени што до сега воопшто Скопје ги имало.
Песната е направена во време кога таа и јас започнувавме врска. Така некако се испраќавме, и песната се случи во една студена скопска зимска ноќ кога јас и таа во знак на некоја наша иднина си ги разменивме шаловите.
Јас ѝ дадов еден машки шал, а таа ми даде еден шарен женски шал што јас , иако беше женски го носев најмашки на свет. И ете, од таа наша прва средба, стиснати во влезот настана таа песна“
Ова го раскажа Џамбазов за својата прва љубов која живеела во близина на Драмскиот театар каде што тогаш работел но за жал таа веќе не е меѓу нас, пред неколку години го напушти овој свет.
Песната потоа се промовираше, Игор за неа напишал текст и музика, а аранжманот го направил Никола Перевски- Пере, негвоиот пријател од групата „Нокаут“ кој ја испеа песната и сними спот за неа.