Фросина: Подобро до старост ќе пребирам, отколку да завршам со ВЕПАР покрај себе

Статус на Фросина Фро: Немојте никогаш да паднете на изјавата на одредени жалчиња: не ти се годините за толку да бираш! Стар/а си веќе за толку пребирање. Демек ако си “стар” треба да се задоволиш со вепар покрај себе.




Тоа се истите тие кои завршиле со некој ради реда, па сега својата беда ќе ја проектираат врз оние кои се силни и знаат што сакаат.

Немојте никогаш да ги спуштате вашите критериуми. Човек како старее, така собира и знаења и животни искуства, учи, расте, се дооформува како личност. Тоа значи дека како старееш критериумите се зголемуваат, а не се намалуваат.




Познавам такви кои од очај да не останат сами завршија со луѓе кои никогаш не би ги погледнале со изговорот па не е толку лош/а, ок е. Битно има добра душа. Не бе, не е ок. Зошто не си вистински среќен/среќна ако е ок? Кога е поглуп/а од тебе и тоа многу, не е ок. Глуп човек што има да ти понуди?




Cекcот трае еден саат преку сила. После тоа што? Ќе си седите и ќе си ќутите? Ќе си кажете како сте си поминале на работа, тоа се 10 мин. Ќе си кажете што ќе јадете тоа се 5 мин. Што е со останатото време? Глуп човек за што знае да разговара?




Завршувате со такви кои никогаш не биле на претстава, на изложба, на балет, на опера, на концерт. Завршувате со такви на кои омилен глумец им е Стивен Сегал пошо знае да се тепа. Завршувате со такви кои освен билтен, друго ништо не прочитале.

Со такви кои Чехов мислат дека е бугарски репрезантативец, дека Пушкин игра за ЦСХ Москва. Со такви кои имале средства ама не отишле подалеку од Паљури затоа што доволно им е да се распостелат на плажа со сендвич, паштета или патлиџани.




Такви кои не добацуваат до таму дека треба да откријат нови светови, нови хорозонти. Завршувате со такви кои ќе нарачаат флаша џони ред и редбул на коњопој, ќе го сликаат и ќе ставаат сториња дека се најјаки фраери и фраерки.




Со таков кој со полураскопчана кошула и вуна на груда ја држи пурата со дебелите и куси прстиња и ти дува у фаца. Што очекуваш од таков лик? Дека кога ќе бидете дома ќе разговарате на теми од кои би ви се прошириле знаењата, хоризонтите?




Не. Ќе ти седи дома у маица синдикалка и адидас тренерка, ќе ти ждрига на маса и кога ќе речеш дека сакаш да одите на претстава, тој ќе ти рече абе седи дома, што ќе даваме пари за глупости, кога можеме дома мезе да си напраиме и ракииче.

Кога ќе посакаш да одите на одмор во Португалија, ќе ти рече зошто маче Португалија, кога Паљури лани кај шо бевме кај Јорго у вила е супер.




Плус ќе има други наши Макеоднци таму, оној Санде од Драгоманце со жена му, ќе се собираме во двор кај Јорго, ќе правиме печење во двор. Парите се тие, исто ќе потрошиме, ама кој ќе иде сеа Португалија.

Ама битно сте нашле некој/а за да не сте сами, тоа што немате муабет повеќе од што ќе јадеме, како помина на работа не ви е битно. Сте си ги згазиле сите свои соништа и желби само за да има инсталирано човечко битие во вашиот стан. Особено жените.




Притиснати од тоа ајде, женско си, ти проаѓа возот, кога ќе раѓаш, погодени од таквите притисоци, прифаќате што било покрај себе. Прифаќате луѓе кои нема да ви ги прошират, туку ќе ви ги стеснат хоризонтите.

И на крај, од личност полна со соништа, знаења, страст за живеење и откривање нови светови, животни искуства, желба за црпење на културата и уметноста преку посетени настани, завршувате со егземплар кој зборот култура го доживува како елементарна непогода, а зборот уметност како нуклеарна катастрофа.




Ама стравот од осаменост си го прави своето. И тоа се истите тие несреќни примери кои завршиле со некој ради реда, колку да има некој да дише до нив, епа истите тие несреќни, на слави, на родендени те прашуваат кога ќе се мажиш, жениш.

Го гледаш со циничен поглед и си велиш подобро да поќутам за да не ги навредам, пошо и онака се навредени од животот.




П.с. Очекувам овие од Галама да ме споделат ко и обично, за простата маса што чита и живее жалничко да ме плука дека им ја плеснав вистината у фаца. Онаа која најмногу ги боли. Затоа простите не ме сакаат. Фала многу.

Претходна статијаЏамбазов се сети на својата најголема љубов пред Илина (ФОТО)
Следна статијаШлиц, деколте, гол грб, Ирена Спировска се опушти, покажа се што има (ФОТО)