Сања ѝ се заблагодари на „Брза кујна“, а доби интресна понуда од обожавател (ФОТО)

Шоуто Брза кујна ја почна својата нова сезона, а водителка е Сања Савеска, која кинатата година дојде на местото на Александар Пановска- Илиевска, која се повлече поради тоа што беше бремена и ја роди својата ќеркичка Сара.







Александра пак сега е во Тв Канал 5, и ја води утринската програма заедно со Роберт Јанков, Јелена Спенџарска и Вера Мештеровиќ. Милена Антовска- Станковска оваа сезона се повлече поради тоа што го очекува своето второ дете.




Сања во едно интервју за Женски магазин, за Брза кујна изјави: „Секоја промена носи со себе предизвици, да се дојде на веќе изградена позиција и на место кое веќе е добро прифатено е уште поголем предизвик. И токму така ја прифатив понудата, како предизвик. Притисок не почуствував, бидејќи долго време ја работам оваа работа, а веќе долго време посакував ваков проект.




Марк и Никола освен што се извонредни шефови се и навистина вистински шоумени, забавни се и сакаат шеги . А тоа богами не изостанува во нашето шоу. Анегдоти има многу, дел од нив се пред камерите ,а има и такви моменти кога не сме можеле да престанеме со смеење па чекаа во режијата да се смириме и да продолжиме.




Обожавам да поминувам време готвејќи, ме смирува, релаксира и инспирира . Благодарение на моите родители научена сум од мала да ги завршувам домашните обврски сама, па така и доста мала научив и да си направам јадење.




Сакам да готвам и да пробувам нови рецепти, но ги сакам и традиционалните јадења. А дали сум добар готвач ? Досега никој не се пожалил на стомак, а и ништо не останало недојадено“, рече Сања.




-Во пресрет на новата сезона на Брза кујна, одговарам на ваши прашања поставени во коментар. А од понеделник се гледаме секој работен ден од 17 часот на ТВ Сител“, напиша Сања а во коментарите доби интересни прашања.




-Ти благодарам за твоето пријателство. Ти благодарам за прекрасната емисија која сега наскоро и на ТВ ќе ја гледам. ти си едниствена и најмила Сања. Би те прашала колку емисијата Брза кујна ти знали во твојот живот„, праша еден коментар, а Сања одговори дека многу ѝ значи Брза кујна. Потоа, друг праша:




-Кога ќе те изведам на кафе“, на што Сања не одговори. Таа во својот нов статус одбележа роденден ви Брза кујна, една година откако почнала со снимање.

-Една година ,како еден ден! Пријателства и работа од соништата . Како вчера се сеќавам на првата средба, а воедно и првото снимање на Брза кујна заедно со врвните ,светски а наши шефови , шеф Марк Де Јонг и шеф Никола Мишковски.




Се беше така природно и весело , јас додуша малку изгубена, дали ќе се снајдам , што ако не успеам да ги следам што прават , да не зборувам многу, да не зборувам малку.

Огромен тим зад камерите, сите одлично вклопени и уиграни во процесот на снимање на ова шоу , и сите со трпение и разбирање дека сум нова и може ќе ми треба време да се снајдам , од прв до последен добив огромна поддршка ,и неизмерно сум благодарна за оваа шанса , да бидам дел од најдобрата и најпрофесионална телевизија во Македонија“, рече Сања.