Андреј и Панчо лути откако ги обвинија дека помагаат за реклама и лична промоција: Ирена Спасовска реагираше (ФОТО)

0

Неодамна дуотоп ДНК, тосет Андреј и Панчо заминаа во селеото Ергелија за да му помогнат на Стојче Јакимовски и негвоите деца, а инаку Панчо и Андреј се познати по својата долгогодишна хуманитарна работа. Овој пат тие реагираа на об винувањата и неколкуте неуба ви коментари на нивна сметка.




Имено, имаше коментари дека Панчо и Андреј ова го прават за реклама, по што тие се налутија и на Фејсбук им одговорија на ваквите коментари:

-Дечки како што знаете во понеделникот отидовме да го посетиме господинот Стојче Јакимовски и неговата фамилија во село Ергелија за да им донираме храна и некои финансии лично од нас во доменот на можностите тоест колку ни дозволува џебот.




Тоа што не натера да го напишеме посов е оние 5-6 коментари од луѓе кои зборат дека ова го правиме за реклама , дека кога донираш не се постирало. На кратко да објаснам на тие неколку “паметни”.

Пред се ние отидовме откако дознавме за сторијата која беше јавно објавена на Тв., второ откако поразговаравме околу проблемите и ситуацијата ги прашавме дали сакаат да објавиме и трето и НАЈБИТНО зашто ги објавуваме ( со нивна дозвола секогаш ) хуманите акции е заради бројките на сликата ( преку 360.000 рич, 1к споделувања, 400+ коментари и неколку стотици пораки во инбокс ) со кои ќе се рашири веста, а со самото тоа многу побргу од било што останато ќе им се помогне да излезат од ситуацијата во која се наоѓаат.




Вчера Панчо се слушна со господинот Стојче и он видно расположен и благодарен му кажал дека туку што извадил 76.000ден од сметката која е оставена за донации, а покрај тоа Панчо му кажал дека му обезбедивме и машина за перење која ја бараше и ќе му стаса во петок.




Значи да разјасниме и да сфатите нешто, нас не ни треба реклама низ хуманитарни акции бидејќи сме 19год. на сцена и нашата рекламата е преку нашите песни. Ова сме ние во душа и колку и да пробувате да не напаѓате заради овие работи ние нема да престанеме.




Бидејќи осеќаме општествена одговорност да вратиме на луѓето кои им е најпотребно во моментот и никогаш не забораваме дека ние постоиме заради нив и затоа секогаш ќе биде ВИЕ и НИЕ и ќе го правиме ова се додека не држи силата и Господ ни дава да имаме повеќе од оние на кој стварно им е потребно.




Сме донирали многу пати и никој не дознал и не ни е битно, најбитно е да видиш насмевки на луѓето но и да им докажеме дека не се сами во за жал ова трула држава и себично општество. Наше е да помагаме, а ваше е дали ќе споделите и дали ќе ни се приклучите во хуманитарната акција. И да, секој ваш лош коментар ни е само поттик плус така да не се откажуваме.




И на крај на тие малкумима да ви објасниме дека не ни ги споделувате нашите песни, споделувате нечива мака кој ние и вие пробуваме да ја исправиме.
Заедно се секогаш посилни!!

Ви благодариме за големиот одзив и да сте ни живи и здрави. Ваши Панчо и Андреј.“, пишува во објавата од ДНК.




Панчо и на својот Фејсбук објасни на овој начин: Во нашата држава секогаш е: Ако правиш зошто правиш, ако неправиш зошто не?

Како и да е убавината доаѓа на крај кога ќе ја видиш насмевката на човекот на кого помошта му била најпотребна, а осетил дека не е сам.




Затоа ние продолжуваме понатаму ама не сами. ВИЕ и НИЕ бидејќи така сме најјаки.

На оваа нивна објава реагираше фолк пејаачката Ирена Спасовска која напиша:

-Браво дечки. Се споделува за да допре до сите тие што сакаат да донираат. Вие имате доста следачи и тоа е полн погодок. Тие што зборуваат спротивно од ова, нит помагаат нит споделуваат.




Продолжете да помагате ебз разлика кој што зборува, најбитно е да се донира а можеби ќе допре и до институциите“, напиша Спасовска.

Претходна статијаМакедонка од Германија раскажува: По две години, конечно си купивме стан, ама германциве дур не сфатат…
Следна статијаЗасекогаш си замина успешниот македонски спортист, од својот колега се прости и Илина Арсова (ФОТО)