Засекогаш си замина успешниот македонски спортист, од својот колега се прости и Илина Арсова (ФОТО)

0

Веб страницата mediapress.mk, која е инаку од Радовиш објави таж на вест за нивен познат и признат сограѓанин кој секогаш си заминал од овој свет. Станува збор за Зоран Мајстороски, успешен планинар, но и снимател во РТВ Кобра од Радовиш.




– Радовиш денеска загуби професионален алпинист, познат по своите успеси на домашно и меѓународно ниво, во несреќен случај на својата последна работна задача, чистење на силоси во рудникот Бучим, заедно со уште едно младо момче, негов колега.




Еден од најдобрите сниматели и фотографи во Радовиш, голем пријател, граѓански активист, спортист и пред се храбар човек кој постигнуваше големи успеси, поранешен снимател во Телевизија Кобра, наш колега Зоран Мајстороски.




РТВ Кобра изразува длабоко сочувство до неговото семејство и семејството на неговиот пријател“, стои во објавата.

-ПОСЛ ЕДЕН ПОЗДРАВ. Што да кажам за последно бе златен човек. Беше голем и голем ќе останеш не само за мене, за сите нас. Изгубив неизмерно драг пријател, пријател кој не знаеше да каже “не можам” или “не сакам”. Секогаш ми излегуваше во пресрет и ми помагаше.




Мечтаеше по висините со твоите надалеку прочуени алпинистички потфати, но безмилосната судбина ги прекина твоите мечти и те пресели во бескрајните небесни височини и вечното Царство Небесно. Засекогаш ќе те чувам во моето срце и моите спомени“, напиша на Фејсбук неговиот пријател Томе Постолов.




-Почи вај во мир Зоран!! Голема загуба за алпинистичката заедница, загуба за сите нас!!“, напиша на својот Фејсбук рофил Љуљиета Адеми. Таа е инаку е прва жена со попреч еност која го искачи највисокиот врв на Балканот – Мусала.




-Речиси сето она што го правиме во животот е само неуспешен обид да ја избегнеме смр тта… Но сепак се обидуваме повторно и повторно…Најверојатно “заради нашата глупост”- како што пишува Еразмо Ротердамски… Или пак можеби заради нашиот пркос?!




Околу мене има премногу во минатата и оваа година…Најпрвин татко ми, па познати и непознати сограѓани, пријатели… Премногу од тоа припомнување дека сите сме подложни на тоа преминување, некои порано некои подоцна, но сигурно е дека ќе преминеме сите.

Не верувам дека постои ум кој може да ја сфати и прифати, тој прекин, таа бездна без дно, празнина… Како утеха за наша среќа (или нес реќа) тука е времето, тоа ќе ја избрише бо лката, ќе го затвори јазот во нашиот ум од таа запрепастеност, ќе ја претвори таа “потреба да се сфати” во заборав и ќе не натера неминовно да продолжиме пак…да се обидуваме да ја избегнеме.




Со Зоран се знаев од многу одамна. Првите вертикални чекори ги направивме заедно. Бевме деца кога ги направивме нашите првенствени патеки низ карпите и планините итајќи занесено кон врвовите, таму барајќи одговори…Неколку години бевме партнери во качувањето па и соработници, колеги…




Ја имав дури и честа да ја отворам неговата прва изложба на фотографии!! Многу мигови заедно, добри но и лоши се разбира, како во сите вистински пријателства. За жал, заблудени, како сите, дека ќе продолжиме да живееме вечно не се простивме порано Почи вај во мир, пријателе!“, напиша пријателот на Зоран, Александар Дончев.

-Ех, Зоки, беше и ќе останеш еден од најголемите македонски Алпинисти, човек кој со невидена одважност се впушташе во насоки кои ретко некој се осмелуваше да ги види, а не па да ги качува.




Твојот оптимизам и ентузијазам беше и поттик и инспирација за сите други кои се занимаваат со алпинизмот и качување на карпи. Невидена храброст и пожртвуваност на карпа и на висински работи, на планини, на планински врвови.

Секогаш ќе го помниме јас и брат ми Сашо како другар кој секогаш беше подготвен да помогне со опрема, совет па и со директна соработка. Оваа фотографија јас ја сликав и вечно така ќе го помниме така, ние кои имавме привилегија да го знаеме и соработуваме со него.




Првенствените насоки на Матка направени од Зоки се една трајна вредност која вечно ќе не потсетува на Зоки и на неговиот живот и неговата пасија кон качувањето на карпи и алпинизмот.

Поч ивај во мир Зоки“, стои во објавата на Гоце Николоски.

На својот Инстаграм профил, од Зоран се збогуваше и Илина Арсова.

-Тажен ден за македонскиот аплипинизам. Прерано ни заминавте пријатели. Една од првите насоки кои сум ги искачила на Матка беше токму со Зоран Мајсторски“, напиша Илина.

Претходна статијаАндреј и Панчо лути откако ги обвинија дека помагаат за реклама и лична промоција: Ирена Спасовска реагираше (ФОТО)
Следна статијаКандидат за градоначалник на Ѓорче кој себеси се нарекува вoлк и ветува дека зградата на Општината ќе ја подари, пејачката Ребека го поддржа (ФОТО)