Познатиот музичар, автор и диригент Љупчо Мирковски кој е долги години дел од Македонската радио телевизија, на својот Фејсбук профил си постави важно прашање, за кого да гласа на претстојните избори.
-ЗА КОГО И ДАЛИ ДА ГЛАСАМ ??????? Не сум паметен … можеби треба , сите ветуваат документи со еден клик .
Пред 11 (единаесет) години поднесов документи за откуп на земјиште во Општина Карпош .
Од 2010 година до сега се сменија сијасет влади , градоначалници , партии непартии администрации и административци.
Ме ув ија од шетање по документи . Се што побараа однесов , за да после 5 години ми кажат…ААААААА , ПА ВАШИОТ ПРЕДМЕТ НЕ Е ТУКА……Е КАЈ Е ???? ВО ДЕБАР .Е.
Добро , Дебар (си викам помала општина , белким помалце работа , ќе биде побрзо се) . Ама јоооооок (така викаат во турските серии) . Од Дебар викаат овие документи застареле .
Е добро—ајде Јово наново . Пак документи , катастарски елаботати со ЦД и без ЦД , пак премери , пак чекање ,а времето си поминува .
Се јавувам еднаш неделно во Дебар за да видам до кај е работава , си викам да не ги налутам па ако се јавувам почесто . На секое јавување бараат уште по некој документ.
Јас пак си трчам по документи и праќам по пошта во Дебар , па пак се јавувам да видам дали е стигната поштата . Кога одговараат на телефон кога не , рака на срце , почесто НЕ .
Со службеничката која го води предметот станавме како роднини , муабети , за работа , за фамилија , за ситуацијата во секојдневниот приватен и општествен живот . Фина некоја госпожа .
Е се убаво ама два пати ми се јави и некој битен шеф на некоја служба од Дебар , вика , јас често идам за Скопје па да се видиме , демек фин и тој , сака да заврши работа ама чекај да видиме дали ти се комплетни документите , а ми знаат и број на предмет(кој јас не го знам).
Да не тупам многу , крајот на приказнава е блиску . Нити шефот дојде , нити па се јавуваат на телефон . Еве кај и да е , ќе поминат уште два месеци па ќе славиме 12 години од отварање на предметот .
За ова цело треба јас да и платам на Државата , ами ако требаше Државата да ми плати мене???
Да беше дете , ќе пораснеше и ќе беше 6 (шесто) одделение . Извинете што ве удавив . Онака муабет си правиме за локалниве избори… ЖИВОТИШТЕ ..“, е статусот на Мирковски кој го објавил на Фејсбук.