Јодран Митев едвај останал жив, за Фокус прозборе за својата гoлготa и кој му го cпаcил животот

0

-Во првите години од мојата кариера бев возбуден на секој нов настап во дијаспората, бидејќи секое ново патување за мене значеше отварање на нов пат. Но со текот на годините, еве ова веќе е 13-та година од мојата активна кариера , тие настапи станаа за мене нешто најнормално“, изјави во едно интервју за Радар.мк, Јордан Митев, ене од нашите најпознати и најпочитувани пејачи.




-На некој начин станаа секојдневие, а разликите помеѓу дома и надвор прилично се избалансираа и изедначија.По многу патувања, за мене сега веќе не е важно каде ќе пеам туку ми е најважно како е организирано,во каква сала,со колку гости и сите професионални нишани за еден музички професионалец“, додаде Јордан во истото интервју.




Инаку, во истото интервју, тој прозборе и за својата сооруга, Славица Митревска, Македонка од Австралија.

-Во 2017-та правев свадба во Македонија, со сите адети. Мојата избраничка е Македонка, родена во Австралија.Промените во животот се нормални и добро е да се случуваат,тоа значи дека човек живее и дека оди напред во животот.Секако дека наоѓам време за се .

Сега за сега, фала му на Бога , добро течат работите, а се надевам дека така и ќе остане. Кога објавив дека мојата избраничка е од Австралија,често ми го поставуваа прашањето дали сега ќе заминам таму.




Тоа е разбирливо, бидејќи знаеме каков е животот во Австралија, земја која спаѓа меѓу оние со највисок стандард во светот. Но,знаете како, не е се само во стандардот. Животот не е само во тоа колкава плата земаш, каква кола возиш…




Животот и среќата се многу многу повеќе од материјалното! И јас, како и повеќето во Македонија, сум бил често пати разочаран од многу работи овде. Но,на крајот од краишатата, ова е моја земја, овде е се што имам .




Јас ја сакам мојата татковина со сите недостатоци бидејќи овде е мојот корен,стебло и гранки.Можеби така размислувам бидејќи не сум научен на некојси раскош и луксуз.Пораснав во многу многу скромни услови,знам што значи да си некаде на дното и затоа сега со се што имам сум среќен и задоволен“, рече Митев.




Тој пред неколку месец, Јирдан ја сними песната „Татко“, негово авторско дело. Песната е полна со искреност и емоции, бидејќи е создадена од вистинска приказна, од искушение низ кое што морал да помине еден син, кој не можел да присуствува на последното испраќање од овој свет на неговиот татко.




Но, живото на пејачот бил полн со препреки и предизвици. Јордан за Фокоус искрено раскажа со што се борел изминатиов период, и дека едвај останал жив, а тоа им го должи на лекарите кои го спасиле. По паузата која мораше да ја направи, тој се враќа на естрадата.




-Кога последен пат давав интервју за ,,Фокус” бев влезен во болничките ходници од кои што мислев дека тешко ќе излезам и дали ќе излезам.

Пред отприлика една година, ми беше дијагностициран еден од опасните кан цери и поради тоа морав итно да се опе рирам. После опер ацијата се правеа многу испитувања овде и надвор од Македонија и докторите утврдија дека станува збор за едно ретко авто имуно забо лување.




Фала му на Бога има решение, доколку постоп еративно се потврдеше дијагнозата со која ме оперираа, тогаш ќе беше најопасното. Поминав низ еден многу теж ок и мрачен период кој траеше неколку месеци.

Тоа се тешки моменти, како за самиот човек, така и за неговото најблиско опкружување и не го посакувам тоа ниту на непријателот. До сега сум имал многу битки, но битката со себе е најтешка.




-Полека почнав да губам контрола на бродот, но за среќа наидов на посветен лекар кој ме врати во живот. Да го имав уште на почетокот на дијагнозата, немаше да останам четири месеци без сон“, раскажа Митев за Фокус.

Претходна статијаДраган Бјелогриќ се огласи лут, и ги прозва сите кои му стојат на патот
Следна статијаНашиот познат музичар 12 години чекал да му го решат предметот за откуп на земјиште, потрошил куп пари, се менувала власта и никој не мрднал со прст (ФОТО)