Ќерката на Силвана Арменулиќ имаше само 12 години кога си замина нејзината мајка и таа никогаш не се опорави. Филмот „Тома“ не престана да ја интригира јавноста уште од премиерата, а животот на музичкитe великани не престанува да ја скокотка јавноста.
Неодамна се навршија четири и пол децении од нес реќата во која една од најголемите пејачки што некогаш ги имаше поранешна Југославија го загуби животот…
Пејачката Силвана Арменулиќ до ден денес важи за една од најфаталните пејачки кои овој регион ги имал, а со своите песни допира во душа. Иако имала многу додворувачи, нејзиното срце успеал да го освои само еден маж, кој станал нејзин сопруг и такто на нејзината ќерка.
Радмило Арменулиќ, тренер по тенис, раскажа како изгледал неговиот живот со Силвана, но и најтешките моменти кои ги преживеал кога почина, пред 45 години.
Љубовта помеѓу Силвана и Радмило се родила во хотелот „Гранд“, а како што вели Радмило, тоа било љубов на прв поглед:
„Рано се оженив првиот пат. Тоа беше во 1962 година. Силвана несреќно настрада во 1976 година, па по 13 години се оженив повторно и тоа со Мира, која ја познавав долго. Силвана ја запознав во хотелот „Гранд“, таму пееше.
Еден мој пријател, за жал по коен, Кочо, чија жена исто пееше, ме убедуваше: Ајде да одиме во Гранд, ајде да одиме. И, отидовме. Силвана пееше некоја песна и јас ѝ кажав дека не пее добро и дека јас ги знам зборовите. Ѝ ги запишав и се сеќавам дека потоа пееше онака како што ѝ напишав. Тоа беше љубов на прв поглед.
Таа во тоа време се забавуваше со еден аптекар, набрзо раскинаа и ние ја започнавме нашата врска. Се венчавме, јас отидов во Герминија, тогаш ми се роди и ќерката, па тие двете доаѓаа кај мене. Силвана во тоа време стана многу популарна, по серијата „Љубов на селски начин“ – истакнува Радмило.
Силвана Арменулиќ привлече големо внимание во филмот, а за нејзиното заминување се пишува со години. Она што е сигурно е дека загубата најтешко падна на нејзината ќерка Гордана, која пејачката ја доби од бракот со Радмило.
Гордана имала само 12 години кога нејзината мајка се упокои во сообр аќајна несреќа. По повод 45 -годишнината од заминувањето на нејзината мајка, Гордана остави емотивна порака на социјалната мрежа Фејсбук.
„Драга мајко, се враќам во детството во тие среќни денови што ги поминавме заедно … Тешко е без тебе … Ти благодарам за сите прегратки, топли зборови и бакнежи што ми ја загреваат душата.
Живееш секој ден низ моите мисли сите овие години. Ќе живееш во мене засекогаш. Копнеев по тебе, мајко. Нека те чуваат ангелите и Бог. Те сакам многу “, напиша Гордана со фотографијата од Силвана.