Македонските Мисици во зрелите години се споија со една цел, и покажаа зошто толку добро „се држат“ (ФОТО)

0

Македонија отсекогаш важела за земја со убави жени, а оние кои порано се пријавуваа на изборите за Мис и денес се познати и успешни жени, и ја задржале својата внатрешна и надворешна убавина.




Светската модна сцена во деведесетите години во своите редови имаше фантастични манекенки кои и ден-денес се синоним за убавина. Во тоа време и домашната модна сцена имаше со што да се пофали.




Најпрестижен избор за убавина, секако, беше оној за Мис на Македонија, а Татјана Стојановска, Александра Петровска, Андријана Ацевска, Вера Мештеровиќ, Ана Биновска, Делфина Зафирова, Емилија Колевска, Сања Николиќ, Марија Васиќ… се само дел од убавиците кои ја имаат понесено оваа титула.




Најубавите Македонки некогаш беа “закон” во државава, а од нивното име почнуваа и завршуваа сите муабети врзани за трендовите и младоста. Денес ниту една од нив не се занимава со манекенство, речиси сите живеат во целосна анонимност, со исклучок на Татјана и Сања кои работат јавни професии, објави Вечер во една прилика.

Еден проект спои неколку убави македонки на едно место: Татјана Стојановска, Светлана Црнокрак Вера Мештеровиќ, Ана Биновска- Кочова и Вера Мештеровиќ.




Познато е дека Татјана Стојановска е презентерка во Канал 5 телевизија, а таа беше Мис на Македонија во 1992 година. Во неколку наврати Татјана има изјавено дека плачела ога ја избрале за Мис и рекла на нејзините родители дека не сака да биде Мис.




Светлана Црнокрак е една од нашите најпознати манекенки и модели, денес е успешна во светот на модата, како сопственик на модното стдуио Црнокак кое го води со нејзиниот сопруг, Мики Црнокрак.




Вера Мештеровиќ беше првата Мис на Македонија за Мис на светот во 1996 година и уште е актуелна во многу реклами и спотови. Мајка е на две деца и сега и е таа дел од утринската програма на Канал 5 телевизија.




За Ана Биновска малку се знае во јавноста за тоа што прави сега, освен што е мајка и на своето презиме го има додадено и Кочева. И таа е дел од новата кампања која ја објави наш познат моден бренд. Сите убавици заедно, изгледаат одлично и докажаа дека годините ништо не им можат.




Облечени во парчиња за кои стилските девојки веќе потврдија дека ќе бидат огромен хит, Светлана Црнокрак, Татјана Стојановска, Ана Биновска – Кочова и Вера Мештеровиќ, нè потсетија на најубавите приказни од 90 – тите.




Едногласно, тие посочија дека очекувано, работите во модната индустрија целосно се променети, но и дека им е драго што денеска младите наоѓаат нови и креативни начини за промоција на внатрешната убавина, со која тие не престанаа да зрачат изминатите години.




Прекрасните дами се согласуваат и дека трендовите се менуваат исклучително брзо, па ако нешто за што порано не мислеле дека ќе го облечат било кога, денеска го носат со задоволство“; објави на својата страница Фешн груп.

Претходна статијаИгор Џамбазов се огласи по петтата женидба на Маленко и кажа што мисли за тоа (ФОТО)
Следна статијаОва е ќерката на Силвана Арменулиќ која остана без мајка си на 12 години, ѝ упати најемотивна порака (ФОТО)