Овој наш познат автор ја напиша тажната песна на упокоениот Васил Атанасов, неговиот син се огласи на Фејсбук (ФОТО)

0

За време на карантинот јас доживеав будење, една повисока свесност за себеси, кој сум, што сум и што барам овде на земјава, која е мојата цел и за што служам, која е мојата мисија и што треба да правам за да им помогнам на луѓето“, изјави во едно интефвју за Фокус музичарот Роберт Билбилов.




-Сфатив дека освен музиката јас друго не знам. И затоа решив да ги засукам ракавите и да го правам тоа што најдобро знам да го правам, а тоа е музиката“, додаде композиторот. Тој е автор на многу хитови за домашните пејачи, а она што некогаш ќе го следи се делата на познатиот, и жал упокоен композитор, Хилми Билбил, кој ја напиша песната „Бисер Балкански“.




-Давид има 13 години, и тој би бил трета генерација музичари, доколку продолжи по стапките на дедо му и татко му. Секако дека покажува афинитети кон музиката, но никогаш не го форсираме и оставаме сам да си одбере што најмногу сака во животот. Неговата креативна енергија ја искажува и преку многу други уметности. Сака цртање, анимирање, 3Д анимации, програмирање музика и слично…“, изјави Роберт за синот.




-Секогаш ќе ја одберам музиката, таа ме полни, ме празни. Без разлика на се, јас никогаш не попуштив и не се откажав од неа.

Имав посебна причина, си создадов мисија која морав да ја исполнам, а тоа беше да го повторам презимето кое го носам, да го потврдам квалитетот кој татко ми го имаше, а почина прерано и зад себе остави песни кои и ден денес луѓето ги пеат како свои химни.




Има ли нешто поубаво и поодговорно од тоа?“, изјави Бибилов во Фокус.

„Татко ми по чина кога имав 15 години. Знам, ќе ми оставеше касета со некоја песна и пред да оди на работа ќе ми речеше да пробам да ги најдам нотите. Во тоа време се натпреварував со него, сакав да му покажам дека можам да завршам сè, па знаев и уморен и ненаспан да го чекам да си дојде за да му се пофалам“, се сеќава Роберт.




Тој со многу емоции зборува за својот татко. Вели дека често на својот син му раскажува приказни за детството и времето поминато со познатиот композитор.
„Давид сака да знае сè за дедо му, ме прашува за него.




Разговараме ние и за девојки, има симпатии и страв му е едната да не му се налути заради другата. И многу ме потсетува на мене. Знаеш, кога во своето дете ќе си ги видиш сопствените мани, тоа истовремено и те нервира и те засмева“, раскажа Роберт.




За „Репортер“, разговараварал за времињата кога се дружел со Јован Јованов и Врчак. Откри и во какви односи е сега со поранешната сопруга Ана со која беше пет години во брак и со која го има синот Давид.




“И покрај разделбата, со Ана научивме да функционираме како родители на нашето дете”, рече Роберт, а зборувал и затоа дека не би сменил ништо од минатото и пак би избрал да стане татко на 24 години….

Вчера целата јавност се изненади и се натажи од веста дека си заминал познатиот пејач од Струмица Васил Атанасов, кој ја испеа безвременската фолк песна „Про клет да е кој не раздели“. Веста за загубата на Васил на Фејсбук ја објави неговата сестра, а тој последните денови од својот живот ги мина во Германија.




Но, оваа песна всушност ја напишал таткото на Роберт Билбилов, Хилми Билбил. Малкумина знаат дека „Бисер Балкански“ не е единствениот голем хит на Хилми. Билбилов на Фејсбук ја шерна објавата од страницата на Ѓорѓи Колозов која вели:

Денес се простуваме од Васил Атанасов, интерпретаторот на безвременската “Проклет да е кој не раздели” Чујте ја во негова чест.




Маестро, рано го истрча својот пат, нека ти е светло и мирно!“, се вели во објавата до која Билбилов додаде: Ја испеа една од најубавите песни од татко ми. По чивај во мир, сочу вство за семејството.

Претходна статијаРисто Пенов раскажа детали за бизнисот и за семејството, а Бени Шаќири објави: Е, ова беше градоначаник (ФОТО)
Следна статијаСнежана откри се за Цеца и за Саша и кажа за кого навива во кавгите