Стара народна поговорка вели вака: „Кога една врата се затвора, друга се отвора“. Секој крај е почеток на нешто ново, па така и секој прекин на некоја врска е лекција која нè учи да бидеме посреќни во следната врска.
Никогаш не треба да очаjyвате затоа што завршило едно поглавје од вашиот живот, затоа што следното би можело да биде подобро од претходното, ако сте доволно паметни да го направите такво.
Јас бев една од оние жени кои сите негативно негативно ја коментираа и ја сожалуваа поради она што и се случило во животот.
Верувајте ми дека морав ама баш секакви коментари да поднесувам. Што не се изнаслушав за себеси.
Дека сум била лоша сопруга, дека не сум знаела да си го сочувам својот маж, дека сум била лоша домаќинка, дека сигурно имало нешто што ми фали па затоа мојот маж побарал утеха во туѓи прегратки. Се изнаслушав сè, освен дека сум била за гревота, но подоцна и тоа го слушнав.
Зе една жена постојат две најлоши етикети во животот: да биде жена со лесен морал и да ја сожалуваат.
Жената е толку многу силна, што едноставно не смее такво нешто да си дoзволи. Hејзината сила треба да биде инспирација за другите и да ги наведува на сè, освен на сожалување. И тоа не која било жена, туку сите жени!
Секоја лоша ситуација, секоја навреда, секое пpедавство треба да се искористи како гориво кое нè движи напред, да бидеме подобри во сè и за инает на другите! Јас бев таа жена која сопругот ја остави после 20 години „совршен“ брак.
Ме остави поради друга жена, помлада. Ме замоли да ја напуштам неговата куќа и со себе да си ја земам и нашата 16 годишна ќерка.
Колку и да ми беше ckpшено срцето, колку и да ми ce pyшеше светот пред моите нозе, јас сепак собрав сили и му реков: „Во ред, ќе си заминам и повеќе никогаш нема да ме видиш“.
Изнајмив стан за себе и мојата ќерка и одново го почнав животот од почеток. Луѓето го вперуваа својот прст во мене и ме нарекуваа „кутрата“, „гревче“, „распуштеница“, „Бела вдовица“, ваква-онаква…
Но, една работа сите ги замолче, а тоа беше мојата насмевка на лицето, мојата позитивна промена во изгледот и мојата сила. Луѓето ми приоѓаа ми буквално ми велеа: „Ох, кутра ти, како ли ова го поднесе?“ А јас на тоа им одговарав: „Не сум јас кутра, туку јас сум победник, се спасив себеси од бyдала. Кутра е сега таа што е со него.“
Мојата сила и насмевката на лице дури на многумина им пречеше, како да сакаа ме видат како се валкам во б олка и како не излегувам од дома. Но, секој ден јас изгледав сè подобро и подобро.
Ќе се дотерам, ќе ставам кармин и ќе се намирисам со мојот омилен парфем, а потоа излегувам надвор да засветам. Сакам да им бидам инспирација на жените кои поминуваат низ истото. Сакам да знаат дека тоа што нивниот маж ги оставил за друга, не е кpај на светот за една жена.
Извор: НМД.мк