Фросина открива дали машко може да биде другар на женско

0

Статус на Фросина Фро: УЧИМЕ ПСИХОЛОГИЈА: (на многу светци и светици нема да им се допадне)




-Имав порано, еден дечко кој сакаше сè да праиме заедно, цело време. Мислам дека само коа идев у вц не го гледав. Од 24ч под ист кров, од кои 8 часа на работа, останатите не се одлепуваше од мене.

Јас договорена со другари на пијачка, тој го гледам се спрема и тој да идел. Јас договарам тура на планина со пријатели, бидејќи претходниот викенд сум била со него у Маврово, со посветуење пажња со све, бидејќи ако нешто не сакам, тоа е да ги запоставам луѓето што ги сакам.




Тој ни на Водно се нема качено, ама и тој ќе идел. Дечко, јас не идам коа договараш фудбал со твоите другари, пошо тоа што сме заедно не значи дека треба ко сијамски близнаци да сме. Секој е индивидуа сам за себе пред се. Личен простор – непознат и непотребен поим за таков лик. Врв на сè беше мрчењето како тоа сум имала машки другари, пошо он немал другарки. Значи вака дечки:




-Секој има право на свој личен простор, време за себе, своите пријатели и хоби каде партнерот е пожелно да не е присутен, затоа што малце болничко е праење сè заедно. Ти не си партнерот. Тој не е ти. Тоа се две личности со животи кои постоеле и пред ти како партнер да се појавиш.




Ти како партнер, во ни еден случај не можеш да очекуваш дека ќе бидеш нечиј универзум, затоа што кога пушташ некого во твојот живот не ги елиминираш останатите луѓе и активности кои ги сакаш, туку само правиш место за новата личност во твојот живот.

Освен ако си тинејџер, па љубовната еуфорија ја манифестираш со желба од постојано присуство на партнерот, ама тинејџерството трeба да заврши на 19, не на 40 години.




-Помеѓу маж и жена и тоа како може да постои другарство. Ако вие не сте успеале да изградите такво пријателство во животот, тогаш жал ми е за вас, ама ве водат инстинктите, кои откако се исправивме на 2 нозе требаше да ги надминеме и контролираме, ама како вид очигледно потфрливме.




Јас сум доказ дека постојат искрени машко – женски другрства, бидејќи имам повеќе машки другари, од женски. Тие кои ми се праеле другри, а го дрвеле курот на мене, веќе не постојат у мојот живот. Или си ми другар или се свиѓаме. Трето нема. И правам остра поделба на тие две работи. Нема мешање. Затоа и правите пријтелства ми траат со децении.




Е сеа кога покрај себе имаш партнер со ниска самодоверба манифестирана со зависност од мое физичко присуство, имањето машки другари и врска со таков партнер е невозможна мисија. Затоа партнерот беше уредно елиминиран од мојот живот. Зависноста не е љубов. Потребата од правење сè заедно не е љубов.




Тоа е опсесија, искривена перцепција дека ако партнерот не те уклучил во некоја негова активност, значи дека не те сака. Апсоутно неточно. Тоа е само твојата ниска самодоверба која ти ги уништува сите релации.

Поврзаноста ко свински црева со партнерот значи и губење на својот идентитет без да сте свесни за тоа.




Психолозите тоа вака го објаснуваат:

Зависноста од љубов е врска во која опсесивната емоционална фиксација на лицето се одвива врз важна личност за неа. Љубовната зависност во психологијата исто така се нарекува ко-зависен однос и најчесто се смета за потешка зависност и од зависноста од дpо га и алk охол…




Затоа драги мои, преиспитајте се дали сте со таков партнер – зависник, дали вие можеби сте зависник или во најлош случај и двајцата, бидејќи тука најтешко се препознава проблемот.

Претходна статијаСинот на Марина откри кога ќе проговори кој сè и должел на неговата мајка: Нека му ја мислат, ќе ги кажам сите
Следна статијаРАЗВЕДЕНА ЖЕНА: Ми велат сум била за гpеота зошто сопругот ме остави за друга, а јас им велам – ce cпacив од бyдала