Во едно неодамнешно интервју за Точка, водителката, а сега и инфлуенсерка Снеже Велков, зборуваше за своите почетоци во ТВ етерот, за емисија Ред хот.
Секако дека Ред Хот е првиот и пресуден чекор. Тоа беше мојот прв проект и мојот влез во волшебната кутија во која како дете мислев дека се влегува само ако се смалиш.
Влегов таму по пат на аудиција, а со цел да останам. Не сакав само да се појавам за да ме има, имав огромна љубов кон водителството, сакав да покажам дека таму ми е местото.
Па и вежбав секој ден пред огледало. А вежбам и ден денес. Благодарна сум им на тогашните мои надредени кои веруваа во мене и кои ме “пуштија низ вода“. Се друго е упорност, падни стани, прилагодување, желба за повеќе поинаку и подобро.
Онаа старата зад секоја успешна жена стои успешен маж е излитена има нова: Зад секоја успешна жена стојат две баби кои и ги чуваат децата и маж на кој не му е сеедно.
Без бабите, жената која ми го чува малиот син и сопругот кој наоѓа разбирање иако не му е сеедно, тешко дека ќе се снајдам. Мојата работа нема работно време па така секогаш ми треба некој кој ќе улета за чување деца правење ручек или пеглање кошула на сопругот. Фала му на бога што факторот баба не ни недостига.
Големиот син покажува афинитет кон телевизијата од типот дека сака да го има во некоја реклама гледајки ги децата кои се дел од истите. А нешто посебно аинитетет да биде водител не. Сегашната фаза му е да стане научник и да работи во НАСА. Да го истражува универзумот.
Малиот син мpази се што значи мама на телевизија. Кога мама е на тв тој го гаси телевизиорот оти е љут дека мама е таму во кутијата а не е со него и не сака да гледа.
Дури и кога јас сум дома а има некоја реприза или снимена емисија не дава да се гледа со тоа покажувајки дека не ја сака таа мама на работа. Си ја сака оваа мама по дома“, рече Снеже кога синовите ѝ беа помали.
Не сум имуна на лошите коментари. Знаат да заболат и тогаш кога воопшто нема потреба. Знам баш да боледувам оти некој ме навредил…Ама откако ќе преболам е тогаш мува не ме лази“, доаде таа.
Снеже се сети на кралицата на ромската и на македонската музика Есма Реџепова Теодосиевска, од едно нивно дружење во 2013 година, кога Есма била на гости кај Снеже, во студиото на Сител каде што тогаш работеше.
Какво убаво сеќавање.Од 2013. Кралицата Есма, за жал после нејзиното заминување не беше испочитувана да добие обележје како што доликува на една Кралица.
Благодарна што имав чест да ја имам во Утринската програма на Сител.. Слава и!