Илија: Сте се фатиле за музичарите, докторите што се кандидираат да не имаат школо за градоначалник?

0

Вчера домашната јавноста беше изненадена од објавата на познатиот музичар Арбен Бени Шаќири, познат како Бени Нон-стоп кој објави дека ќе се кандидира за градоначалник на Скопје.




Шаќири рече дека не му се допаѓа колку градот е валкан и дека сите ние не се грижиме за него, и тоа му е главен мотив да се кандидира за изборите на 17 октомври. Инаку, го поддржаа партиите ДОМ и ЛДП.

-Јас сум роден и израснат во овој град Ова е мој град и мојот мотив е да живееме во чисто, зелено и заедничко СКОПЈЕ




Не сум, не сум бил и нема да бидам член на ниту една политичка партија.
За мене моето СКОПЈЕ е моја партија“, изјави Шаќири.

-Најтешко е денес да бидеш и да останеш човек. Преовладаат и други норми на однесување. „Лепо васпитање“ и нормалниот однос кај луѓето станаа реткост и некако сите се претопија во една сива маса без трошка емпатија и емоција, која на крајот и не одликува како луѓе-човек. „Станавме зависници од пари и алчност, бескру-пулозни во сопствените намери да си ги оствариме своите налудничави цели. Опасно е ова кое што го живееме!




Не постои човек кого сопствената искреност не го чинела скапо, знаејќи дека живееме во свет во кој доминираат итрината, хипокризијата, и бескрупулозноста за да се дојде до саканата цел. Јас цврсто одбирав и одбирам да бидам на страната на отвореноста, храброста, чесноста и искажувањето на сопствениот став, така што со мене сите се на чисто.




-Скопје одамна го загуби својот идентитет, и престана да биде она што беше: центар на убавото дружење и квалитетен ноќен живот на Балканот. Беше отворен град за сите, добронамерен кон своите гости и пријатели, сигурна средина и наше маало за сите нас маалските деца кои пораснавме на оваа калдрма!




Ја си го сакам мојот град највише у свет, и не би го мењал за ниеден друг. Никад не го напуштив а можев, ја сум скопско дете и таков ќе останам заувек. Но, моето Скопје се „препричава“ на маса у кафеана и по дома, и останато е таму во легендите“, изјаво тој прерходно во Женски магазин.




Како што е познато за градоначалник на Скопје со поддршка на партијата Левица се кандидираше и Петар Георгиевски- Камиказа, познатиоt музичар и основач на групата „Меморија“.




-Господине Шилегов, јас поради ко-вид ситуацијава не собирав потписи за кандидатурата, па дури и на отворено, само затоа што сум совесен и не сакав да направам некој ковид кластер и да не носам некого на душа.




Наместо повеќе автобуси да возат, почна да се применува зимскиот ред на возење, и така автобусите се преполнија со народ како да не постои вирус. После ќе се чудиме што не снашло со заболените, и ѓав-олот ќе ни биде крив.




Предложувам да се дуплира бројот на автобусите, да не биде после касно. Друже Ленин, ако јас бидам утре градоначалник за минута ќе го решиме проблемот. За сега толку можам а за некој месец здравје Боже се ќе биде друго.




Искрено ваш Petar Georgievski – Kamikaza“, напиша тој во една од своите објави на Фејсбук каде што е сликан со моторџијата Ленин.

По реакциите на социјалните мрежи за овие двајцат кандидати, во одбрана ги стави нивниот колега музичар, пејачот на евергрини Џон Илија Апелгрин. Тој на Фејсбук го напиша следново.

-Од 350 кандидати за градоначалници, се фативте да се мајтапите за два-тројца музичари и глумци? Другиве адвокати, доктори и економисти да не имаат школо за градоначаник?




Имаме функционално неписмени пратеници, министри и влади последниве 30 години(забележете ја множината) и супер ви е се, но само ако се појави некој музичар или глумец, не дај боже да е балерина или костимограф или композитор, веднаш ви се буди смисолот за хумор. Тапа сте!“

Претходна статијаОливера: Јас изгубив родител од пpokлeтиoв вирус, а сега ми недостига да си ја гушнам мајка
Следна статија(ФОТО) Додека во бикини се разладуваше под тушот, Спенџарска кажа мудри мисли