(ФОТО) Додека во бикини се разладуваше под тушот, Спенџарска кажа мудри мисли

Во едно интервју за Фешнел, познатата водителка од Канал 5 инфлуенсерка, објасни како се подготвува за летен одмор, и колку време и треба да се подготви.




-Неколку дена пред одмор знам да анализирам што точно ми треба пред да тргнам во пазарење. Секоја година купувам по неколку чифта бикини и никогаш не тргнувам без многу марами, шешири, очила за сонце, апостолки и рамни сандали.




Што се однесува на гардеробата секогаш на одмор практикувам да носам кежуал облека како долги здолништа и фустанчиња, кратки џинс панталончиња, неколку кафтани и маички. Не преферирам накит на плажа, но затоа секогаш носам добра книга и неколку модни магазини.

Јас не сум јас, ако во една сезона не купам минимум пет чифта бикини. Омилени ми се оние со животински принт, но сакам да комбинирам и контрасни бои од горниот и долниот дел, вели Јелена.




Секојдневно по два часа дневно поминувам на кејот на Вардар. Трчањето многу ми помогна да го дефинирам телото и да го намалам вишокот килограми. За два месеца успеав да намалам 9 килограми и сум многу задоволна од мојот сегашен изглед.




Топло им препорачувам на сите девојки и жени да не го запостават спортувањето, тоа е клучот за позитивна енергија и исполнетост. Колку и да ви изгледа тешко, тоа ќе премине во навика, а резултатите само ќе ве мотивираат.




Бидете во трка по витко тело, трка која самодовербата ќе ја крене до облаците. Секако, спортската опрема е задолжителна, зашто и додека спортуваме треба да изгледаме средено, а тоа не вклучува шминка и фризура туку соодветна спортска облека, советува Јелена.




Таа на Инстаграм често споделува свои мудри мисли, а неодамна порача: Од СУПЕР МОЌИ издвојувам да можам да ги познавам луѓето цел живот и да не ги прашувам зошто не се женети/мажени, зошто немаат деца и колкава им е платата!

-Да живееш убаво. Што тоа значи за тебе?




За мене, убавиот живот се сведува на моите навики. Сите мали, онака баш не толку важни ритуали кои ги практикувам секојдневно иако понекогш и не сакам да ги правам толку многу, тие ме креираат мене и мојата вредност во ова општество!

Малите делчиња од нашиот живот не прават големи.




-Да одам на трчање и кога не ми е баш до тоа. Да барам зеленчук во фрижидерот кога сакам да направам салата наместо шпагети.

Кога бирам книга наместо филм. Кога одам на кафе да знам во кој ТОЧНО локал сакам, да седам, зашто не ми е сеедно. Да одам на викенд на море или во село.




Да знам што точно сакам да облечам зашто не ми стои се. Гледате… навидум ‘не толку важни’ нешта!

А, токму ваквите наши секојдневни избори му даваат убавина на нашиот живот.
Не е во убавината на твоето лице, или колку мажи те сакаат или колку пари заработуваш. Како се носиш со себе си кога си лута,уморна, фрустрирана итн. Тоа е твојата убавина.




И тоа е наша супер сила која не прави силни. Се надевам дека сите, вклучувајќи ме и мене ќе ја започнеме есента како супер херои. Затоа што тоа и сме!

Искрено, можам да ви кажам дека никој не ме инспирира толку како што јас си се инспирирам самата себе!!!!“, рече Спенџарска.

Јелена често патува во странство, но сега почна да ги открива и убавинте на Македонија. Неодамна објави слики од Преспа и од Битола, а сега таа се релаксираше во Кумановската бања и порача: Не си играј со жена која знае што НЕ сака“.

Претходна статијаИлија: Сте се фатиле за музичарите, докторите што се кандидираат да не имаат школо за градоначалник?
Следна статијаЕдвај чекам Цеца да ми стане снаа – проговори братучед му на Богдан, најпознатиот српски водител (ФОТО)