Еве што прави бившата на Лозано, Савка Грачанин, повторно е вљубена (ФОТО)

0

Во 2013 година, Сава Грачанин беше втора придружничка на изборот за Мис на Македонија. Во тоа време,таа беше во врска со пејачот Влатко Лозаноски- Лозано, кој во тоа време изјави дека е горд на својата девојка и нејзината титула за убавица.




Тој избор за убавина го има искритикувано порталот Мак мода кој даде свој коментар за тоа како се одржа Мис на Македонија и во него имаше само лоши коментари, но тоа не ја засени убавината на Сава.




-Од несреќно избраната тоалета и простор за движење до само едно појавување на девојките во костими за капење преку грешките во „крунисувањето“ до лентите на кои со фломастер беа испишани титулите…

21-годишната Кристина Спасеновска од Кичево е новата Мис на Македонија која ќе ја претставува Македонија на Мис на светот, настан што ќе се одржи во Индонезија.




Прва придружничка е Михаела Иванова од Скопје, а втора придружничка е Сава Грачанин од Валандово. На сведоците на настанот на кој потфрли организацијата сега им е јасно зошто од дузина преубави девојки кои ги гледаме низ нашите улици ниту една нема желба да се пријави на ваков натпревар“, пишуваше тогаш Мак мода.

Кога се пријави на овој избор, Сава имала 22 години, а сега има 30 и работи во Топ шоп. Савка, како што ја викаат пријателите и Лозано беа долго во љубов, па се верија, но потоа ја раскинаа веридбата.




Моделот Савка Грачанин, која што му беше свршеница на поп пејачот Влатко Лозаноски – Лозано, и по раскинот на свршувачката не го заборавила неговиот роденден, па му упати интересна порака на социјалните мрежи, објави Фокус во 2018 година.




-Ти честитам затоа што си поискусен. Не сум сигурна што си научил оваа година, но секое искуство не трансформира во личноста која сме денес. Среќен роденден на еден од ретките луѓе чиј роденден го паметам без дури и да ме потсети Фејсбук – објави Грачанин.




Савка и Лозано биле во врска цели девет години. Во 2016 година на своите социјални профили ја објавија веста за запросувањето, по што пејачот изјави дека во нивниот однос нема да се менуваат многу работи, бидејќи долги години биле во врска, живееле заедно, и прстенот на раката на Савка не значи промена во нивниот начин на функционирање.




Исто така, тој тогаш најави дека планира свадбата да се случи во неговото родно Кичево. На изненадување на целата јавност, Лозано за ,,Фокус’’ потврди дека ја раскинале свршувачката, не откривајќи ги причините за одлуката.




Савка и понатаму работи во Топ шоп. Таа на Фејсбук ја сподели веста за заминувањето на напушти менаџерот – основополжник на брендот, Стојан Јовчевски. Голема чест и задоволство ми е што ве познавав и работев со вас…поч -ивај во мир Господин Стојан! (камо секој еден човек да искуси работа со менаџер како вас)
Тој ваш насмеан лик,задоволен и позитивен останува во моите сеќавања“, напиша таа.




Савка неодамна била во Охрид, и сподели слика на која пишува дека Охрид е убав, но некој ѝ коментирал дека таа ја надополнува таа убавина.

Она што е интересно за убавата девојка од Валандово е дека таа е во врска, како што впрочем пишува на нејзиниот Фејсбук профил.

Претходна статијаНашата позната актерка по загубата на партнерот најде сила повторно да се насмевне, ова е нејзината среќа (ФОТО)
Следна статијаРомео од Швајцарија дојде кај Калиопи дома да си прослави роденден, поранешните партнери во романтична атмосфера (ФОТО)