Нашата позната актерка по загубата на партнерот најде сила повторно да се насмевне, ова е нејзината среќа (ФОТО)

0

Гордана Ендровска е една од нашите најпознати актерки, особено во театарот каде што има изиграно безброј улоги, најмногу во Драмксиот театар каде што е вработена.




Гласот на Ендровска исто така е познат по турските серии кои ги надсинхронизира, а се емитуваат на домашните телевизии, а изгледа дека најпознат е оној на лошата снаа Ферхиден во серијата „Кога лисјата паѓаат“.




-Најискрено воопшто не очекував дека толку многу ќе трае пандемијата. Веројатно моето поимање да се биде, е дека треба да се прифати како “нормално“ се што е вон мојот домет на одлучување и влијание.




Секојдневно се обидувам трезвено, рационално да се справувам со тоа како што најдобро умеам и знам и ако може да излезам психо-физички цела од сиот овој хаос наоколу.




Најважно од се е да се остане човек. Инаку, за време на пандемијава ја имав таа привилегија да продолжам со актерски ангажмани, но во друга форма.

Не во театар, туку пред микрофон. Имено за цело време додека трае ова, надсинхронизирам повеќе женски ликови во моментално актуелните турски серии. И верувајте некои ми се толку провокативни што буквално ги одигрувам и многу уживам кога им ставам мој печат и моја боја.




Во театар пак, прва посериозна улога ми беше насловната роља во истоимената претстава „Марисол“ работена по текст на Хозе Ривера, а во режија на мојот многу драг професор Владимир Милчин, претстава која за жал малкумина имаа можност да ја гледаат бидејќи многу кратко време беше на репертоар на мојата матична куќа Драмски театар.




Исто така еден од ликовите што ми прираснале за срце и од кои и ден денес ми се стега грутка во грлото кога низ мисли ќе ми прелета некој монолог, е ликот на Малина во Еригон на Плевнеш, а во режија на Јани Бојаџи.

Тажни се тие судбини и вистини за голг-отата на бегалците и сè уште се бо-лни за нас Македонците. А јас како мајка многу добро ја разбрав нејзината бол-ка“, рече таа во интервју за Женски магазин.




-Ферхунде е еден од ликовите кој колку чудно и да звучи, ми ја обележа кариерата. Луѓето и ден денес, после 10 години, сè уште ме препознаваат. Посебно вака за време на пандемијата, кога сите одговорно носиме маски, забележувам дека освен мојот лик, препознатлив е и мојот глас. Сè уште се занимавам активно со надсинхронизации. И тоа со многу љубов“, додаде таа.




Гордана своето срце му го подари на Кире Андреевски, познат спортски работник, член и функционер на Автобомилистичката федерација на Македонија. Тој го загуби животот на 16 август минатата година, во Пробиштип, на ридско- брзинска трка чиј претседател беше, откако учесник на трката пред самиот финиш изгуби контрола над возилото и удри во него.




-Ние бевме две сродни души што се нашле и почувствувале и немавме потреба од потпис за да бидеме среќни и да си припаѓаме еден на друг. Едноставно бевме чистота, љубов.

Утеха не барам, си го земам потребното време да си оттагувам, и тоа е човечки, нели? И да боли, нека. Она што најмногу ми помага да не потонам во тажни меланхолични чувства ми е љубовта кон моите ќерки и внук, но секако и работата“, додаде актерката во истото интервју.




Денеска на Фејсбук многумина ја коментираа нејзината нова профилна слика, каде што е со ќерките и со внукот. На сликата сите и го честитаат нејзиниот роденден, а семејната среќа е причина таа повторно да се смее и да се радува.




-Кога станав баба ја сфатив убавината на таа нова моја животна улога. Внук ми Димитар за мене е Божји дар и благослов, а чувството што го буди во мене е бесценето“, изјави Ендровска.

Претходна статијаПет сестри и сите девици, живеат заедно, не гледаат телевизија, не слушаат радио – објаснија зошто (ВИДЕО)
Следна статијаЕве што прави бившата на Лозано, Савка Грачанин, повторно е вљубена (ФОТО)