Водителката Јана се налути: Брат ми имал бугарски пасош. НЕ, нит он нит било кој од моето потесно семејство нема никогаш да го има

0

Македонскиот нов фудбалски „А“ репрезентативец Никола Серафимов ја продолжи голгетерската низа во Унгарија. Никола е инаку брат на водителката Јана Серафимова која многу се гордее со својот брат.




Во 5. коло од првенството тој постигна гол за својот Залаегерсег. Залаегерсег беше поразен со 3:1 од Хонвед, а единствениот гол беше дело токму на македонскиот репрезентативец.




Македонскиот нов фудбалски „А“ репрезентативец Никола Серафимов ја продолжи голгетерската низа во Унгарија. Неговата сестра Јана реагираше на коментаторот на Арена Спорт 2 на минатиот натпревар кој го ословувал нејзиниот брат како бугарски репрезентативец. Таа на Фејсбук напиша:




1. Коментаторот на Арена Спорт 2 на минатата утакмица го ословувал брат ми како бугарски репрезентативец, па гледам ЕДВАЈ дочекале дадени особи.
Брат ми исто така, лично реагираше за грешката, за која лично од коментаторот доби извинување и човекот јавно ќе се корегира.




2. Брат ми имал бугарски пасош. НЕ, нит он нит било кој од моето потесно семејство нема никогаш да го има, бидејќи имаме нешто друго на кое што не научиле, и како воспитување, аманет, ни го оставиле.




Прашањето, кој и зошто доведе огромен број на македонци до тоа дереџе да се борат за леб на маса и да МОРААТ да имаат бугарски пасош е болна и широка тема што во оваа прилика нема да ја отвараме кај мене на профил.




3. Македонија има многу успешни луѓе од сите области кои живеат и работат надвор од нашите граници и кои уживаат респект. Некои од нив се со јавна професија, некои не, АМА ЕВЕ НА ПРИМЕР постои таа опција да ги почитуваме, да ги пофалиме и да се гордееме со нив. НЕ секој коментар да биде хејт.




Деншниот датум е значаен за мене и моето семејство. На денешен датум беше роден дедо ми кој ни покажа и не учеше на погоре споменатите вредности, а според однесувањето на помладите од него во семејството, добро го направил тоа.




Денеска на наша радост, брат ми кој ретко, а во иднина и сѐ поретко ќе го има луксузот да биде со нас и ние со него, доаѓа дома и ќе седне на ручек со мајка, татко и сестра.




Целта на постот не е да го одбранам брат ми, 2 метра е чоекот, туку: Секој ден е нова прилика да носите и ширите почит и радост, престанете да бидете отруени од хејте-ризам! За многу години денот! “, напиша Јана на големиот празник Успение на Пресвета Богородица.

Претходна статијаКаролина никогаш не изгледала поубаво, еве ја причината за нејзината среќа (ФОТО)
Следна статијаЅвездата на Гранд со голема трансформација, сите се чудат, а таа ужива на плажа (ФОТО)