Татјана раскажа која е нејзината психотерапија во Австралија и како ја лечи болката

0

Фолк-пејачите Татјана Лазаревска и Новица Василевски долги години живеат и работат во Австралија. Тие често на социјалните медиуми споделуваат фотографии на кои се гледа како уживаат и секој слободен момент го користат за шетање заедно.




Татјана на нејзиниот фејсбук-профил објави фотографија на која се на пикник минатата година, заедно со нејзиниот сопруг и уживаат во сончевото време. „Убаво е чувството кога знаеш дека за сè во животот имаш на кого да се потпреш“, напиша таа во описот на објавата.




Ниту таму не се откажаа од нивната голема љубов – музиката, па често имаат настапи и во дијаспората. Но, сепак домаќинските навики и македонското во нив не згасна.

Тие дпред узвесно време се пофалија дека заедно со пријателите си направиле ајвар. Во Австралија има се што човек може да посака, но го нема добриот македонски ајвар.




На Татјана и на Новица им е тешко откако во Австралија повторно на сила е карантинот поради ширењето на новиот сој на вирусот. Татјана се вклучи во живо на својот Фејабук профил и рече дека за неа само песната е лек.




Таа изјави дека песната е нејзина терапија и ѝ помага да ги издржи овие тешки мигови и пред да запее раскажа како всушност живее во периодот на карантинот.

– Добро вечер, тежок локдаун. Нема мрдање, само песната е лекот! Мене ми е ова психотерапија и сакам да дадам енергија, и да добијам повратна енергија за да можеме да ја издржиме оваа торт-ура, за кого како.




Јас како што кажав и овој пат ќе кажам, сакам да се дотерам, сакам да си се поднашминкам, така. Добро утро на вас, на нас добровечер. Осум ипол е веќе. Јас си се спремив, ќе пеам, кој пее зло не мисли, кој сака нека слуша.




Битно е да си разминемине енергија луѓе, да издржиме, кој знае уште колку ќе бидеме затворени вака. Нема свадби ништо такви работи, мораме вака да си пееме, да си уживаме. Кој сака, нека изволи.




Убава музика, ќе се поздравуваме, и ќе пиеме. Не да семе во карантин, туку не смееме да трепнеме. Тек сега ќе не затвараат. До сега бевме, 5 километри од дома можевме да мрднеме, сега ќе биде изгледа само еден километар.




И еднаш неделно шопинг да правиме, да купуваме храна, може и за храна ќе испо-цркаме ама ќе издржиме.

Со песна се се издржува, порача Тања за крај. Јас сакам да почнам со нешто наше убаво македонско, ова е еден „Галеб тажен“, рече таа и ја испеа истоимената песна.

Претходна статијаТалат од Преспав во друштво на ајкули (ФОТО)
Следна статијаЧола направи нешто неочекувано за ќерка си Уна (ФОТО)