Талат од Преспав во друштво на ајкули (ФОТО)

0

– Роден сум во Тетово, по некоја случајност. Моите се селат во тој град во 1991 година, кога и јас сум се родил, па во 1993 година се враќаат во Скопје. Инаку, детството го поминав тука.




Ова го изјави за Фешнел Дритон Вејсели кој е познат по улогата на Талат од Преспав, комичната серија која сите ја сакаат. „Многумина мислат дека сум од Тетово, дека секој ден патувам и постојано ме прашуваат за тоа. Веројатно и поврзаноста со Талат придонесе за тоа“, додаде Дритон.




Актерот познат по изреката: Пансион Преспав, како моем да ви помогнем, за кратко време стана омилен кај народот.

Делегацијата на ЕУ во 2019 година го прогласи Дритон за европеец на годината. Шарматниот актер, вели дека Европа за него е близок поим. За Женски магазин, тој раскажа како ќе ја оправда оваа улога.




– За мене Европа не е само географска целина, еден тон конвенции и законски регулативи, десетици институции со тешки имиња и заедничка валута! За мене, како млад човек и актер, Европа и европските вредности се блиски поими.




Она што го имам на ум во насока на општествени вредности и промени е навистина долга тема, но она што во моментов би сакал да го истакнам, од позиција на Европпеец на годината, а го чувствувам како моја лична актерска мисија е надежта и желбата практично да ни се случи европеизација во културата.




Тоа за мене значи можност еден ден, без формални и бирократски пречки, да ги користиме постоечките уметнички платформи со цел да се зајакне професионалната актерска размена, да се промовира отворено европската култура од која и самите сме дел, да се случуваат почесто ко-продукции, европска премиера на нова драма,




актерски проекти за актуелни политички прашања, соработка помеѓу разни меѓународни фестивали, конференции за важни политички и уметнички теми, тркалезни маси со уметници, менаџери од култура и политичари со намера да привлече и вклучи пошироката публика; проекти со млади уметници и млада публика; литературни и академски публикации и нови работни стратегии.




Преку ликот Талат во серијата се внесува рамнотежа во етничките односи во општеството, а на тој начин се кршат стереотипите што ги имаме едни за други, особено оние популарните што владеат меѓу Македонците и Албанците.




Мене ме радува што публиката воопшто и не ги става карактерите од Преспав во “етнички кутии“. Многумина забораваат дека во приказната Талат е македонски Албанец од Џепчиште, а и зошто би било тоа важно?!




Го поврзуваат само со неговите автентични карактерни особини и го сакаат токму поради тоа што е. И не беше тешко да се создаде еден таков лик, затоа што тој е многу реален. Талат постои и е одлика на една генерација и една категорија. Али добар е, и не мисли лошо никому, хахаха.“, рече тој во истото интервју.




Дритон на своето стори на Инста ја покажа својата љубов. Станува збор за многу убава девојка по име Анеса Сабедини, која е наставник по уметност во едно приватно училиште.

Дритон објави слика од своето летување во Шпанија каде е што е со својата девојка, како уживаат во морски ресторан во Барселона.




„Време е за ајкула“, рече тој до објавата и покажа какви вкусни специјалитети јаде.

Претходна статијаМама Мартина бара помош од сите нас: Знам дека има многу хумани луѓе кои ќе му помогнат на Тео
Следна статијаТатјана раскажа која е нејзината психотерапија во Австралија и како ја лечи болката