Му ставил по една паричка во секоја од искинатите чевли – реакцијата го трогнала

Млад студент тргнал на прошетка со својот професор. Додека шетале и разговарале, на спротивната страна од патот здогледале еден пар стари чевли, што по сè изгледа припаѓале на некој сиромашен селанец, кој работел во близина во својата нива и веќе привршувал со својата работа.




Студентот му рекол на професорот: „Ајде да се пошегуваме со овој селанец. Ќе му ги сокриеме чевлите а потоа ќе се засолниме зад грмушките и ќе посматраме што ќе направи, додека ги бара.




Професорот му одговорил: Момче, никогаш немој да се шегуваш на сметка на туѓата неволја и беда. Но бидејќи си богат, можеш да си причиниш поголемо задоволство од ова.




Стави по една златна паричка во секој чевел, а потоа ќе се сокриеме во грмушките и ќе ја набљудуваме неговата реакција.

Студентот направил така и обајцата се сокриле зад некоја грмушка во близината. Селанецот ја завршил својата работа и наскоро дошол од полето до местото каде што ги имал оставено своите чевли и своето палто.




Додека го облекувал палтото, едната своја нога ја ставил во чевелот и почувствувал дека има нешто во него. Отпрвин помислил дека е камче, но набрзо сфатил дека тоа е златна паричка.




Сиот зачуден го погледал златникот, се завртел наоколу и потоа замислено го набљудувал некое време. Повторно се свртел наоколу, но не видел никого. Ја ставил паричката во џебот и тргнал да го облече и другиот чевел.




Но на свое големо изненадување, и во него пронашол златник. Наеднаш го совладале чувствата и тој паднал на колена, ја подигнал главата кон небото и започнал да кажува молитва во знак на благодарност.




Во својата молитва тој спомнал за својата тешко болна и беспомошна жена, за своите деца кои немаат ни леб за јадење, и за невидливата рака која му ги оставила златниците.




Студентот стоел длабоко трогнат и со солзи во очите. Професорот го прашал: „ Да се пошегуваше со него, како што намераваше, зарем тоа ќе те направеше посреќен отколку што си сега? Младиот човек одговорил:




„Професоре, ми дадовте лекција што никогаш нема да ја заборавам! Сега навистина ги разбирам зборовите што претходно не ги сфаќав: Поблагословен е оној што дава, отколку тој што прима!“




Затоа кога можеш да направиш добрина, не жали поради тоа. Само следи го патот на вистинските вредности.