Џамбазов во легендарно друштво: Јас сум натрапникот што едвај се гледа

0

Игор Џамбазов, познатиот актер, шоумен, музичар и писател во една прилика, за Фепнел зборуваше за тоа дали тој себеси се смета за мудар човек.




-Јас можеби сум мудар толку колку што е мудар мојот народ, затоа што јас црпам од него. Се дружам многу со обичните луѓе, а духот на еден народ се наоѓа во обичните луѓе. Духот на народот не сме ние што се појавуваме по телевизии, дебатни емисии, или новинарите што пишуваат…




Духот на народот е далеку од нас, нешто што ние не го ни есапиме за Македонија. Некаде каде што мислиме дека нема ни луѓе што знаат да размислуваат. Ете од таму доаѓа духот и мудроста на народот.




Ако сум успеал да ја соберам нивната мудрост, а тоа го правам во последните 20 години, тогаш би можело да се каже дека се сметам за мудар човек“, рече Игор и во истото интервју додаде:

-Си има и маани и предности… Во однос на предностите, една и единствена за која јас се залагам е тоа дека почнува второто полувреме од животот, ако се смета дека сто години е човечкиот живот, оној убавиот, да речеме дека во 51-вата влегуваш во второто полувреме…




Па има некаква мудрост, за која и пред малку зборувавме, искуство што сум го стекнал со години – во работата, во животот… Ништо повеќе не може да ме изненади, подготвен сум на сè, од секого… Сите табуа се скршени, сите комплекси излечени…




Убаво е да се живее во 50-тите години од животот, но мене ми се случува сега, како што влегувам во второто полувреме, шестата деценија од животот, да ми недостасуваат тие некои убави приказни од минатото, цели едни друштва… Да ми недостасуваат жени, случки, можеби таа носталгија за младоста, за убавото време, пријателства..




Можеби тоа е она што ми недостасува сега, но во шестата деценија од животот си го наоѓаш својот целосен мир, веројатно така и си ги продолжуваш животот. Токму затоа, јас само и зимно време седам во Скопје.

Штом дојде пролетта, веднаш одам на село, каде што сум сигурен дека животот ми се продолжува, барем двојно повеќе од она што би ми се продолжил кога би бил во град“, рече Џамбазов. Тој за Фактор зборуваше за тоа како се бране од политиката.




– Со едно големо и одлучно „Не“. Во последните петнаесетина години имав такви понуди од политички партии, кои ако ги прифатев немаше да морам да работам ништо со години. Тоа се суми од кои на обичните граѓани ќе им се заврти во главите. Но, останав доследен на мојата конечна одлука.




Поважен ми е мирот, отколку полното ќесе. Мирно спијам, тоа ми е најважно. И денес тврдам дека уметниците се борат против неправдите во општеството само со едно оружје – уметноста. Оној што ги прочитал моите книги, што ги гледал моите претстави и концерти знае добро за што зборувам. И уште нешто: политиката е за луѓе кои не се разбираат како луѓе“, рече Игор.




Во едно интервју на Џамбазов за Точка, открива што најмногу го натажува во животот:

– Ме натажуваат медиокритетите кои се повеќе ги има, ме натажуваат луѓе кои не можат да сфатат дека не се стои во место, подобро тргни назад отколку да стоиш во место.

Што знам, јас сум можеби човек што ме забавиле некои работи во животот, но ти тврдам дека сум успеал, не обратно како што велат сум ја сочувал приватноста од кариерата, не, обратно, сум ја сочувал кариерата од приватноста. Тоа мене ми беше многу поизразено“, изјавил Игор.




Џамбазов сподели историска фотографија од себеси, во театар, со легендарни глумци за кои до радост напиша:

– Сцена од легендарната театарска претстава “Викенд на мр т-овци”, на Драмски театар, во режија на Коле Ангеловски, премиерно изведена во декември 1985, според која е снимен и најсмешниот македонски филм.




Од лево на десно: Ѓорѓи Тодоровски-Трупче, Душица Стојановска, Јовица Михајловски, Димче Мешковски и Ленче Делова. Јас сум натрапникот што едвај се гледа. И да, ќе заборавев: “Сите ќе ум-реТе”…

Претходна статијаЃоко Јовиќ лом го направија: во манастир не се оди како во теретана, а тој им возрврати (ФОТО)
Следна статијаФаучи објасни кој ќе теба да прими трета доза