Музичарот Петар Георгиевски познат како Перо Камиказа, на Фејсбук раскажа мнигу необична случка, за еен свој „сон што го сонил“, а е поврзан со актуеланата состојба кај нас.
– Дента видно изнервиран од мерките донесени за задолжителна вакцина ,и дузина небулози околу пожа рите ,а и неможноста да се справиме со нив без странци, се налутив и се налупав слатка ладна лубеница, која мислев дека ќе ме утеши ,олади и спаси од небулозите.
Некаде околу десет, си легнувам со 7-8 килограми лубеница во мене. Заспивам во длабок сон, но за беља, почнувам да сонувам…
Сонувам со отворени очи, и решавам како Венко Марковски (македонски поет кој сам се пишал дека е Бугарин од рев олт кон тогашниот систем) да станам „благонадежен Б’лгарин“, а не како овца на сточен пазар да ме продаваат други.
Барам состанок со Слави Трифонов, некогашен успешен водител на бугарската телевизија, кој во моментов е актуелен кандидат за премиер на Владата на Бугарија.
Веднаш прифаќа да се сретнеме и ми вика:како не бе, колега, елај си при нас, ше ти дадем сите почасти – вели Слави – а ти при мен во емисијата ше си кажеш че си Б’лгарин и да си бил во заблуда сичките 60 години че си бил Македонец!
Нашата држава ште ти обезбеди палата и пари колкото искаш, и разбира се ше пишеш блгарски песен, този които си писал до сега, ште ги преведеш на мајчиниот заеднички блгарски език!
– Прифаќам!…. Се вселувам во палатата и во една минута ми поминува историјата на сите македонски херои, нивната самопрегорност за слободна и независна Македонија за која ги положиле своите животи! Па на момент си викам: Па што ми е гајле, ќе го зграпчам моментот…..?!
Беш иката притиска, и течноста од лубеницата сака да излезе некаде. Уф! Се будам цел жива вода, па велам: Бреееј, ова мислев ни у сон не може да ми се случи! Правам мала нуж да која трае долго, и сите „тескобни“ мисли отидоа во скопската кан ал изација, и видиш, сполај му на Бога се ослободив од бугарштината.
Се враќам во кревет, во надеж дека ќе потонам во длабок сон и ќе земам душа. Филмот сакал – несакал продолжува во сосема друг правец:
Како потомок од Егејска Македонија решавам да плу кнам на гро-бот на стрико ми Петре(народен херој) и сите други заг-инати борци за слобода, на дедо ми Поп Георги, татко ми борец на ДАГ, кој ќе го оставам тука жив да пати и да се јадосува, како и многу други протерани од вековните огништа и расеани низ цел свет.
Прифаќам да станам Грк, и да ги кажам сите „тајни“ на грчките служби за да ја покажам мојата лојалност и спремност да сменам и век и навек. Ме пречекува мојот пријател Маноли, кој не е меѓу живите, и на течен Македонски јазик.
Mи вика „Браво бе педи му, од кога ти викав, ама подобро некогаш отколку никогаш! “ Од каде сега па Маноли во целата приказна, одамна заминат да ми дојде во сон?!
Се будам тотално унереден, и му се молам на Бога и на предците и на татко ми да ми простат.Уф , повторно онаа прок лета лубеница ме тера во тоалет, па рипам унереден од кревет. Уфффф, се тарасив и од Грциве. Сполај ти Боже!
Земам крпа и се бришам. Чаршавот го менувам, и тоа само заради една лубеница. Сега во спастрен кревет, сув и во надеж дека конечно сум се отарасил од сите сатрапи во сон,кога одненадеш, ми се појавува врањскиот епископ Пахомије.
-„Јели бре Петре, хвала драгом Богу, па си се дозвао памети да признаш да си Србин!“
Го гледам со оџварени очи и си мислам, па јас сум стар за овој… Во себе барам оправдание зошто го правам ова? Работев во Театар Суботица, играв претстави на српски јазик, така да можда оваа трансформација најлесно ќе оди, да си станам Србин…
Кога Пахомие ми вика: „Ниси тако лош, добро изгледаш!“. Се штрецнувам и не ми се верува. Бреееј лубеницо, фала Богу пак ме спаси!
Ова траеше најдолго, се уфкаф и туфкаф, а не знам зошто и шла јм почнав да пл укам. Сполај ти Боже, ама дај курт-ули ме од овие соништава… Се ближи рано утро, околу 4 часот, па пробав да се соземам од овие соништа.
Кога на очи виделина на таванот ми се појавува Груевски, и ми вели: „Издржи, кога ќе се вратиме лом ќе ги направиме!“ Како бе јас и ти лом ќе ги направиме, па ја и ти никогаш не сме дувале у иста лејка. А он: „Ако имаш проблем ќе доеш у Будимпешта и ќе си тераме бизнис заедно, а може и Меморија да ја викнеме, да си свирите тука…“.
Си мислам во сонот со отворени очи: Абе, шо вели ова побегуљава? Ова последново не беше мој збор, сигурно сум буден, ама буден со отворени очи !? Се вртам на другата страна и гледам да се курт-улам од овој,ама, оп, тука Заев се појавува и ми вели: Колега моторџија, де бе, толку ли е тешко Северна да викаш?
Шо сакаш ќе ти дајме, Министер ќе те напрајме, секретарка, кола ќе ти дајме, ќе можеш да правиш што сакаш, дури и да свиреш со бендо у нашта кампања и богато ќе бидеш награден!
Леле бе, има ли ова крај?! Веќе бев мокар до гола кожа, жива вода. Од последниве кошм-ари ова беше најголемата и најдолга мала нужда. Уффф, брееееј, аман …и што ти уште не. Нема шанси веќе да се вратам у кревет! Некаде е 5 часот, точакот под нозе и правец Св. Пантелејмон на Водно, да побарам прошка.
По пат цело време си викав: Господи помилуј ,господи помилуј, прости ми ги гревовите, Господи помилуј, и така илјада пати. Стигам горе задишан, барам прошка, палам свеќа и почнува да врне.
Бог се јави и рече:Нема што да ти се простува чедо мое, тоа само искушенија беа!Да живееш по словото божије и да си ја сакаш земјата Македонска не е грев, напротив, љубов е.! И да знаеш ,наскоро се ќе биде ко што треба .Сполај ти Боже што и после се, ме охрабри да бидам тоа што сум бил отсекогаш по рода – Македонец!!!
Наравоучение: Немојте толку многу да јадете лубеница навечер – може сешто да ви се случи! Искрено Ваш Petar Georgievski – Kamikaza