Борче Стаменов донираше 1000 компјутери, а некои луѓе го осудија: Имате ли малку образ? (ФОТО)

0

“Леле луѓе што направивме! 5 години постоење. Донирани 1000 компјутери. Безброј насмеани лица.

Потрошени 0 денари“. Овака некако би го започнал денешниот долг статус“, напиша Борче Стаменов од Кавадрци, човекот познбат како Донирај компјутер. Борче продолжи вака:




-Но, не е само тоа шо сакам да го кажам денес. Денес сакам да им оддадам признание на сите кои беа со нас изминативе 5 години. На сите кои во нашата авантура се вклучија со макар едно шравче, па макар и со едно споделување. Нормално, како прво тука се луѓето. Оние обични луѓенца кои ја слушнаа нашата порака и се одзваа на повикот и секојдневно ни испраќаа опрема која веќе не ја користат, а понекогаш и по некое пивце.




Ќе ги набројам и многуте награди и признанија кои ни служеа како поттик никогаш да не застанеме. Оти во раце имаме народна иницијатива која му служеше токму ним, на народот. Ја остваруваме замислата која ја имавме на почеток. Секому да му биде пружена еднаква шанса за квалитетно обазование.




И од моја гледна точка успеваме! Сепак, колку и да ми се драги и да ми значат овие признанија, најголема награда ни беше искреното благодарам на крај на денот!

– Благодарница од Сојузот за спорт и рекреација на инвалиди од Кавадарци за успешна соработка (27.09.2017)

– Награда за филантропија “ОКО” од хуманитарната организација Хорус за Индивидуален филнатроп од Република Македонија (26.10.2018)




– Златен волонтерски сертификат од Младински културен центар Битола за континуиран волотерски ангажман во заедницата (05.12.2018)

– Благодарница од Хуманитарно здружение “Млади Хуманисти” од Битола за Најхуман човек на годината (20.05.2019)

– НајКампања на Твитер за 2019 година #ДонирајКомпјутер @shlapatalo – НајХаштаг на Твитер за 2019 година #ДонирајКомпјутер @shlapatalo – Нај #СреќниСмеШтоТеИмаме Твитерџија/ка за 2019 година Стaменoфф @shlapatalo




– Благодарница од општина Градско за посебен придонес за развој и афирмација (16.12. 2020) – НајКампања на Твитер за 2020 година #ДонирајКомпјутер @shlapatalo (14.12.2019) – НајХаштаг на Твитер за 2020 година #ДонирајКомпјутер @shlapatalo (14.12.2019)

– Нај #СреќниСмеШтоТеИмаме Твитерџија/ка за 2020 година Стaменoфф @shlapatalo (14.12.2019) – Сајт на годината, второ место во категорија Најдобра фејзбук страна/група (16.12.2020) – Благодарница од Умиление за хуманоста и поддршка на здружението




– Благодарница од ОУ Гоце Делчев од Василево за посебен придонес и донација на компјутери – Благодарница за Донирај Компјутер од хуманитарното здружение на граѓани и лица со хендикеп Илинден за остварена соработка и заедничко делување на полето на хуманост

– Благодарница за Борче Стаменов од хуманитарното здружение на граѓани и лица со хендикеп Илинден за остварена соработка и заедничко делување на полето на хуманост




– Признание од Проект Среќа за Борче Стаменов за посебни заслуги во помагањето на лица во социјален ризик и градење на еднакво општество за сите

– Македонски претставник во публикацијата на Европската комисија Secrets of Succes (04.06.2020)

– Посебна награда за Солидарност, Европјанин на годината доделена од Делгација на Еу (09.05.2021)




– Ко вид 19 херои, Благодарница доделена од Европската делегација (06.2021)

– Награда за предводник на целите за одржлив развој за 2021 од здружението Конект (29.06.2021)

И тука некаде ќе го спомнам и “финасискиот” дел. Во овие 5 години имаме добиено околу 1500 половни компјутери. Околу стотина од нив беа некористиливи или прастари за да може да се искорисни било што од нив. Преостанатите 1400 да речеме, се проверувани по повеќе пати за исправност. Од нив имаме искористено делови за да докомплетираме други.




И така стигнавме до бројот 1003 донирани компјутери. Ако ги претвориме тие 1400 во работна рака или финансии, само за проверка или дијагноза имаме донирано 840,000 денари. Пошто останаа 1003, сите тие подлежеа на процес на средување (инсталација на ОС и програми). Во просек таа работа чини околу 600 денари. Со тој чекор во облик на работна рака и време сме донирале уште 601,800 денари.

Ако ги претвориме тие 1003 компјутери во средна продажна цена на половен компјутер (куќиште, монитор, тстатура, глувче, кабли за поврзување) која изнесува некаде околу 6000 денари, добиваме сума од 6,018,000 денари.




Или ако ставиме се на едно купче добиваме износ од 7.459.800 денари или ако го претвориме износов во омилената валута на нашите политичари тоа би било некаде 120,319 евра. Само што ние за разлика од нашите политичари потрошивме 0 (нула) денари, донесовме среќа и почит низ цела Македонија.
И не застануваме тука.

Веќе е основано нашето Здружение Донирај Компјутер Кавадарци каде секој од вас, доколу има желба и можност од било каде во светот, да даде свој придонес во нашата борба за намалување на нееднаквоста и сиромаштијата во Македонија. Сметка за донација ќе објавиме во наредните денови. Да помогне во нашата борба секое дете, секој човек да добие еднакви шанси за подобро и поквалитетно образование и живот воопшто.




За крај, уште еднаш, ви симнувам капа на сите знајни и незнајни херои и ќе Ви се заблагодарам што бевте и сте силен ветар во грб сиве овие години! И за крај нашите денешни донации одат во:

– 995, Куманово; 996, Струмица; 997, Пеширово; 998, Ранковце; 999, Ранковце
– 1000, Свети Николе

Споделете нека нека се чуе низ цела Македонија“, напиша Борче. Тој за ова негово хумано дело доби многу пофалби, но потоа објаби и критики во кои некои го нав-редија.

-Ако сте толку подариле компјутери, зоштои се уште фамилии немаат компјутери. Ајде доста, што лажите бре, ако е се ова точно, немаше да дојдат да ја гасат Македонија други држави. Доста им ги заматувате очите на македонскиот народ“, вели меѓудтругото еден коментар кој Борче го објави на неговиот Фејсбук профил.

-Кога правиш големи дела не се фали. Кига едната рака дава, другата не треба да знае. Така ќе вредиш повеќе и ќе бидеш благословен. Делата штои ги правиш остави друг да те фали, не ти сам. Така ќе бидеш возвишен и признат од најголемиот на светот, не од луѓето“, вели друг.

-Леле што направите. Имате ли малку образ да го пишете колку народот ви бил среќен“, вели друг. На оваа објава, тој доби голема поддршка од пријателите и од соработниците кои ги осу дија овие коментари.

Претходна статијаМилена од Канал 5 очекува принова, го откри полот на бебето
Следна статијаСоња и Јохан во авантура: Со мотори низ Европа, се јавија од Италија (ФОТО)