Соња и Јохан во авантура: Со мотори низ Европа, се јавија од Италија (ФОТО)

0

Познато е дека Соња и Јихан Тарлуловски имаат три деца: Мелани, Младен и Јоана. Мелани е талентирана на мајка ѝ, која е позната пејачка и во една прилика таа изјави:




– Да, јас пораснав во околности каде музиката ми беше извор на секојдневното расположение. Мојот талент го открив на 8 – 9 години, секако благодарение на мајка ми која што ми постави неколку едноставни прашања од типот дали сум се запрашала со што сакам да се занимавам во иднина и по тие прашања ми го смени животот.




Јас не сум базирана само на еден жанр на музика. Обожувам да си играм со музиката на начин кој што мене најмногу ми одговара.

И покрај големиот број на песни кои ги обожувам и пеам, сепак можам да ја издвојам „Love is on the line“, но тоа не значи дека не сакам да пеам песни на друг јазик – едноставно во англиското најмногу се пронаоѓам.




Можеби сме два различни света, но таа е личност која секогаш стоеше позади мене, стои и ќе стои се додека смета дека сум на вистинскиот пат. Мојата фамилија ми е најголема поддршка и среќна сум што се покрај мене“, рече Мелани во Хаштаг.




Соња пак во една прилика изјави зошто не е толку активна во музиката како што беше претходно:

– Во моментот работам многу нешта, најпрвин исполнување на домашните обврски, приватните обврски, колку ми дозволува времето присуствувам во ангажманите на Јохан. Кога станува збор за мојата кариера, таа одамна не е на тоа ниво, какво што треба да биде.




На моменти ме има, па на моменти ќе исчезнам. Но затоа пак композициите си оставаaт свој белег и обележје. Сакам да бидам активна но под поинакви услови и поинакви договори.Јас никогаш нема трајно да се откажам од музиката, таа ми ја исполнува душата.




На прилепскиот фестивал настапив како специјална гостинка, и се надевам дека после тоа активно ќе продолжам, се надевам дека веќе судбината ми скроила планови“, рече Соња во „Точка“.




– Јас себе си се спознав уште многу малечка, имав цел, имав зацртано и знаев што сакам да бидам, знаев кој е мојот патоказ до мојата среќа, да изградам кариера и да пеам. Моите млади години не ме попречија во тоа кога ми беше најтешко јас сама си завземав место на естрадата со божја волја и милост.




Ако би се родила повторно, Господ ќе знае што следува, а наше е да прифатиме според божја волја.

Порака до жените: Вашиот маж треба да ја чува и негува жената. Порака до мажите, ако вие ја покажувате и искажувате почитта кон сопствената жена, безрезервно таа ќе цвета. Не заборавајте, жената е покрај мажот ако тој заслужил.“, рече Соња во Точка.




Таа и Јохан најдоа време да ужуиваат сами, како на меден месец, и со мотори заминаа низ Европа. Се јавија од Италија, до планинско место, моторџиски облечени, и многумина од пријателите позитивно се изненадија.

Претходна статијаБорче Стаменов донираше 1000 компјутери, а некои луѓе го осудија: Имате ли малку образ? (ФОТО)
Следна статијаПознатата водителка која неодамна даде отказ ја чепна Дара Бубамара и ја кажа вистината за неа (ФОТО)