Андријана Јаневска: Велат, ќе мине, време лечи сѐ но, никогаш нема да те избрише

0

Андријана Јаневска, познатата пејачка, виолинист и професор, по повод светскиот ден на мајките, сподели емотивен статус на нејзиниот фејсбук профил. Таа сподели фотографија од нејзината мајка која прерано си замина од овој свет и напиша:




„Ти умееше карпата во свила да ја претвориш, а песокот во црница. Пред тебе рибите прелетуваа, а птиците препливуваа; дождот стануваше утринска роса, а ветерот полноќен здив.

И камењата цветаа покрај тебе. На гнездата им никнуваше кров, а трњето раззеленуваше. Сега, во мојата душа копнеж се раѓа: да ме родиш пак, мајко моја, та и градот во селата да ме бара, и пес во бунар да нурка, и гром во пештера да грмне – да не ме пронајде. Скриена ќе бидам во твојата прегратка.




Посветено на мојата прерано почин ата мајка, Нада Јаневска, по повод меѓународнот ден на мајката. Гушкајте си ги мајките додека сè уште можете.“ – напиша Јаневска. Таа исто така напиша посвета за својата мајка кога помина една година од нејзиното заминување.

Една година без тебе, мамо. Ништо не е повидливо и ништо не е поприсутно од твоето отсуство:




ни детските шепоти што ги откривав во сеидбите на дождовите, ни закажаната бура во пајажините

од крајпатните меанчиња, ни воздушните патишта, осветлени од ластовиците ни она што добива форма само во мојот слух,

ни мојот слух додека во него задоцнетиот штурец, го навиваше својот ноќен часовник, ни родилните маки на фрленото семе, ни разго рениот пож ар на главата од петелот




додека бега од сенката што слегува од небото, ни просторот што ми остана меѓу твоите раце, меѓу твоите два припека,

ни змијата што го возбудува врвот од житата, ни снежните намети и налети во афионовите полиња, ни пламенот што надојдува, како есенска магла, во низата од пиперките,

ни љубовта и омразата меѓу клучот и катанецот, ни притаената светлина во купениот кибрит; ништо не е повидливо од твојата трага пред мене и зад мене, со мене и во мене.




Андријана, која е мајка на два сина, во Женскиа магазин зборуваше за ненадејното заминување на нејзината мајка Нада, и рече дека било се во ред, и се слушнале два часа пред таа да го напушти овој свет.




-Два часа претходно разговаравме на телефон, се смеевме, апсолутно ништо не наговестуваше дека такво нешто може да се случи. Но, таков е животот, брз, немилосрден, непредвидлив. Она што ме теши е фактот дека буквално секоја сабота со моите деца одевме на ручек кај моите родители, брат ми и снаата, се дружевме, пеевме, разговаравме, се смеевме.




За мене семејната хармонија отсекогаш била најважна. Уште како деца родителите не’ воспитаа семејството да ни биде на пиедесталот. И денес е така и покрај тоа што мајка ми физички ја нема, јас продолжив секој викенд да одам на ручек кај татко ми и брат ми, кои живеат во иста куќаЕ, рече Андријана.




Таа на своката мајка ѝ ја посвети песната „Летај“ за која во истото интервју рече: Песната ја напишав во еден здив, излезе како една длабока и болна воздишка од мене, без планови да направам песна, едноставно самата одеднаш долета и тоа на само неколку дена пред роденденот на мајка ми.




Буквално се стрчав до студио, му ги кажав на Гино акордите кои ми беа во глава, ги отсвире, а истата вечер ја отпеав и тоа беше тоа“, рече пејачката. Таа на својот Фејсбук профил ја сподели оваа своја убава песна и напиша уште една посвета:




Велат, ќе мине, време лечи сѐ но, никогаш нема да те избрише.“

Претходна статијаМи рече дека не ме сака веќе, зашто не сум млада и убава и го оставив: Најпознатата водителка во бивша Ју проговори за разводот
Следна статијаПознатиот битолски пејач стана угостител, одлично му оди, полно гости секоја вечер (ФОТО)