Познатиот битолски пејач стана угостител, одлично му оди, полно гости секоја вечер (ФОТО)

0

Битолчанецот Димитар Андоновски е познат пејач и семеен човек. тој за свката сопруга Кристина во една прилика има изјавено: „Ја сакам нејзината едноставност и скромност и едноставно уживам во секој миг со неа“, изјави Димитар за својата Христина.




Димитар тогаш докажа дека е еден од нашите најромантични пејачи. Пред пет ипол години, јавно, на концерт на Каролина Гочева, тој ја побара за жена својата тогашна девојка.




Тој и Христина во август во 2015 година ја крунисаа својата љубов со брак, a во октомври истата година направија свадба за паметење, на која тој запеа и ѝ посвети песна. На свадбата запејаа многу пријатели од естрадата на Димитар. Во 2017, на Христина која е од Прилеп, и битолчанецот Димитар им се роди синот Михаил.




Тој е многу религиозен, и често оди во манаситрот Свети Јован Бигорски.

– Мојата првата посета во манстирите Св.Јован Крстител-Бигорски“ и Св.Георгиј во Рајчица беше случајна, по иницијатива на мојот драг колега Ламбе Алабаковски. Тој често беше присутен таму. Речиси секој викенд преноќуваше во Бигорскиот манастир“, изјави Андоновски во интервју за Женски магазин.




Тој раскажа дека на почетокот се прашувал што е она што Ламбе го влече во Рајчица. „И така, на ден Крстовден 2011 година се одлучив да тргнам со Ламбе на манастирската слава во манастирот Св.Георгиј во Рајчица.




На тој ден за прв пат се запознав и со отецот Партениј кој не покани да останеме на вечерно бдение за празникот. Така започна се. После ова бдение се разгори уште посилно желбата кон Бог.




Денес Бигорскиот манастир е мојот втор дом, отецот е мојот духовен Татко, а братството и сестринството се мојата фамилија“, објасни Димитар и раскажа дека манастирскиот мир многу му помага.




Димитар има одлична причина да биде среќен и да слави, а причината е што тој наскоро ќе стане татко на уште едно момче. Тој се пофали со убавата вест на интересен начин на Фејсбук велејќи: само нека е живо и здраво.




Всушност, тој и Михаил отворија торта каде што беше сокриен полот на детето, и Михаил извади напис на кој пишува Момче е. Радоста, тие ја прославија со најблиските.

Неодамна, тој се сликаше со Лепа Брена, и во еден клуб во Битола настапи заедно со неа. Брена се сликаше со Димитар дотерана тип-топ, во бело, но она што Брена го облекла не наликува на нејзиниот стил. И фризурата е доста класична, но и фустанот и кошулата.




Иако оваа комбинација за Брена е пресериозна, сепак убаво и стои. Таа на Инстаграм се пофали дека убаво си поминала во Битола.

Димитар често знае да шерне по некое стори од истиот клуб каде што пееше Брена.  Потоа, на истото месѕо се сликаше со Бора Ѓорѓевиќ од Рибља чорба.




Изгледа дека Димитар стои зад ова место, и новото негово стори вели: Полна куќа. Пејачот се испроба во угостителските води и според она што го покажува на сликите, одлично му оди.

Претходна статијаАндријана Јаневска: Велат, ќе мине, време лечи сѐ но, никогаш нема да те избрише
Следна статијаПознатата писателка прозборе за она што многумина ги мачи: Ако вам, кои никогаш сте немале такви симптоми ви изгледа преувеличено, замислете како им е ним секојдневно